Прошетка низ Валенсија - градот на паељата и магичната архитектура на Калатрава

Кога некој ќе ви спомене Шпанија, веројатно први на памет ви доаѓаат Барселона и Мадрид. Но, земјата на Пиринејскиот полуостров има уште многу други интересни градови кои вреди да се посетат.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-01.jpg

Еден од нив е Валенсија, третиот град по големина во Шпанија.

Има повеќе од 800.000 жители, а со околината брои и нешто повеќе од 1 милион.

Ако решите да ја посетите, вреди да научите нешто за Валенсија:

1. „Paella“ познатото шпанско јадење е измислено токму во Валенсија. Овде, традиционалните состојки се ориз, пилешко, зајачко, грав, полжави и артичоки. Секако, постојат и 100 други разни комбинации кои вклучуваат и морски плодови.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-001.jpg


2.
Првпат како е спомената Валенсија во историските книги е 200 години п.н.е. како римска колонија. Името на градот доаѓа од латинскиот збор „valentia“ што значи храброст.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-3.png


3.
Златното доба на градот било во 15 век кога Валенсија била престолнина на Кралството Арагон.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-4.png


4.
Секако, најпопуларен спорт е фудбалот, а фудбалскиот клуб на Валенсија е повеќе пати државен првак. Она што е интересно е дека тука се игра и рагби (американски фудбал) и постојат дури два рагби клубови кои учествуваат во шпанската лига.

proshetka-niz-valensija-gradot-na-paeljata-i-magicnata-arhitektura-na-kalatrava-14.jpg


5.
Никој не знае со сигурност каде се крие Светиот грал, но многумина се уверени дека своето место го нашол во градската катедрала. Никој не може да гарантира дека таму е пехарот од кој пиел Исус на последната вечера, но вреди да се провери, нели?

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-5.jpg


6.
Валенсија не е само туристички град, туку и културно научен центар. Доволен е еден YouTube канал да ве увери во тоа. Валенсија е и дом на некои од најмодерните архитектонски дела, а за повеќето од нив е долже познатиот архитект Сантијаго Калатрава.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-6.jpg


7.
Тука морате да го пробате пијалакот кој се вика „Horchatа“ кој се прави од посебен вид на јаткаст плод.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-7.jpg


8.
Во градот постојат два службени јазика: шпански и валенсијански. Во градот сепак доминира шпанскиот, а во околината се служат со валенсијанскиот.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-12.jpg


9.
За градот најважно е градското пристаниште кое е второто најголемо пристаниште на западното крајбрежје на Средоземното море.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-9.jpg


10.
Заради добрата клима, овој град можете да го посетите во било кое време од годината. Па дури и на есен и во зима.

valensija-gradot-na-paeljata-i-svetiot-grad-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg