6 начини како да се заштитите од кражби за време на летниот одмор

Топло и сончево време, песочни плажи и тематски паркови – овие нешта се обележје на летниот одмор. Но, каде е одморот таму многу често се и кражбите.

7-nachini-kako-da-se-zashtitite-od-krazbi-za-vreme-na-letniot-odmor-001.jpg

Туристите, многу често поради неинформираност, наивно ги изложуваат своите лични податоци. На тој начин, патувањето може да се претвори од безгрижен одмор - во пролонгирана и стресна борба за враќање на украдените предмети, паричник, па дури и идентитет.

Сепак има начини да се заштитите од кражба во текот на летниот одмор, со примена на овие 7 едноставни совети:

1. Бидете внимателни во врска со користење на јавните Wi-Fi мрежи.

Иако бесплатните Wi-Fi мрежи се одлични, пожелно е да избегнувате да си ја проверувате вашата банкарска сметка додека го користите бесплатниот интернет од хотелите, кафулињаата и рестораните.

Многу јавни Wi-Fi конекции не се безбедни, а тоа им оди во прилог на крадците - собирачи на лични информации.

2. Размислете што ќе правите на вашиот лаптоп, додека патувате со авион или автобус.

Со ограничен личен простор во јавниот превоз, човекот кој патува до вас, многу лесно може да ги „ѕирне“  вашите лични податоци или пријатели.

3. Заштита на вашиот паричник.

Некои летни дестинации се познати по крадците кои крадат новчаници на туристи. Ако вашиот паричник е изгубен или украден додека патувате, веднаш алармирајте и известете ги издавачите на картичките.

Најлесен начин за да се заштитите е да изнајмите сеф во самото хотелско сместување.

6-nachini-kako-da-se-zashtitite-od-krazbi-za-vreme-na-letniot-odmor-03_copy.jpg

4. Чувајте копии од вашите кредитни картички и пасош на безбедно место (личен сеф или заклучен куфер).

Ова може да биде од особена важност доколку вашите информации се компромитирани. Познавањето на бројот на кредитните картички им помага на банките или издавачите на картички побрзо да ги заштитат вашите податоци.

 6-nachini-kako-da-se-zashtitite-od-krazbi-za-vreme-na-letniot-odmor-04.jpg

5. Ако мислите дека може да се најдете во ранлива позиција, размислете за замрзнување на средствата.

Веднаш контактирајте ја вашата банка доколку сметате дека вашите информации се компромитирани.

6. Немојте веднаш да ги споделувате плановите за одмор на социјалните мрежи.

Крадците ги следат социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер и лесно може да видат кога ќе бидете далеку од дома.


Преземањето разумни мерки на претпазливост за време на одморот, ќе го направи вашиот идентитет побезбеден ова лето и ќе ви даде мир. Само на тој начин ќе успеете да се фокусирате на уживање со семејството и пријателите.

 С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg