Најбезбедни земји за патување во 2017-та

5. Хонгконг

Хонгконг има една од најниските стапки на тероризам во светот. Единствената работа на која треба да внимавате се фалсификуваните и лажни валути. Посетете го храмот Pak Tai Temple на островот Cheung Chau, или побегнете од реалноста и разладете се на плажата Repulse Bay Beach.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-07.jpg

4. Оман

Иако соседот на оваа земја, Јемен, претрпе катастрофални конфликти во последните неколку години, сепак Оман е на 4-тото место на најбезбедни места во светот и има една од најниските стапки на терористички инциденти. Љубителите на природа може да ги посетат песочните дини и тиркизни фјордови, а оние кои сакаат да ја истражуваат културата не смеат да ги пропуштат пазарите во Низва и тврдините.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-08.jpg

3. Исланд

Исланд во последниве неколку години е популарна дестинација за туристите, па добро е да знаете дека е на третото место на безбедни земји. Погледнете ја поларната светлина (Аурора Бореалис), нурнете во Сината Лагуна или уживајте во глечерите, водопадите или во гледање на китовите.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-09.jpg

2. Обединети Арапски Емирати

Обедиентите Арапски Емирати досега биле домаќини на 14.4 милиони интернационални посеетители во 2015-та година. Освен тоа што се на второто место на најбезбедни дестинации во светот, тие можат да се пофалат со одлична храна и ресторани, шопинг центри, плажи и уште многу други занимливости.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-10.jpg

1. Финска

Земјата која е на првото место на најбезбедни дестинавии во светот има многу туристички атракции како што е поларната светлина, Midnight Sun Film Festival, Лапонија и уште многу други работи кои ја прават прекрасно места за одмор.

najbezbedni-zemji-vo-svetot-za-patuvanje-vo-2017-ta-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...
Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg