4 трикови кои ќе ви помогнат да не паднете во замка на крадци на одмор

Туристите се лесен плен за крадците насекаде на светот, и тоа не само по улиците, туку и во собите каде се сместувате.

4-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-padnete-vo-zamka-na-kradci-na-odmor-01.jpg

Според полициски статистики, само во Барселона во еден ден има повеќе од 6.000 кражби, па затоа е важно да бидете многу внимателни независно каде сте.

Прво правило кое треба да го запомните е дека не смее да паднете во замката на крадците и да се покажете како лесен плен.

Иако понекогаш е неизбежно, сепак може да се потрудите да не ви се случи нешто такво.

4 мали трикови кои ќе ви помогнат во тоа:

Одберете соодветен кат во хотелот

Според експертите за обезбедување, најдобро е да резервирате соба од 3-иот до 6-иот кат во хотелот.

Собите кои се сместени на подолните катови се поблиску до земја, од каде крадците лесно може да избегаат, па тие се најчесто мета.

4-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-padnete-vo-zamka-na-kradci-na-odmor-02.jpg

Обрнувајте внимание на малите работи

Иако го знаете ова, сепак мора постојано да сте внимателни и да проверувате дали вратата од терасата е затворена, бидејќи од таму крадците најлесно влегуваат.

Истото важи и за прозорците, па не заборавајте пред излегување, независно дали ќе биде кратко или долго, секогаш да ги заклучите вратите од тераса и соба и да ги затворите прозорците.

„Надмудрете“ ги крадците

Секако дека тие влегуваат во соби кога се речиси сигурни дека во нив нема никој, бидејќи постојано набљудуваат пред да нападнат.

Па затоа, кога излегувате од соба, оставете го телевизорот вклучен, или пак ставете го однадвор на вратата знакот „не вознемирувај“.

Така тие ќе мислат дека има некој внатре и ќе ја прескокнат вашата соба.

4-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-padnete-vo-zamka-na-kradci-na-odmor-04.jpg

Не ги користете сефовите во собите

Сефовите кои се сместени во собите не се многу безбедни, со оглед на тоа што ако направите ваша лозинка, а потоа внесете универзален код, сефот ќе се отвори.

Ова е смислено за доколку гостинот ја заборави лозинката, административците да можат да го отворат сефот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Грешки со кои можете да си го расипете одморот во Италија, според Италијанка Непотребно трошите пари на работи кои всушност чинат малку и се потпирате само н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg