5 најубави балкански плажи

5-najubavi-balkanski-plazi-povekjeБалканското подрачје на југоисточна Европа има преубави долги плажи и пристапно крајбрежје. Покрај бројните езера, тука се и Јадранското...


...Средоземното, Јонското, Егејското и Црното море на кои може да уживате во текот на целото лето.

Кои се сметаат за најубави плажи на Балканот, а со тоа и во едни од најубавите во Европа:

1. Нашето Охридско езеро. Ако сакате да бидете едно со природата, ова е местото кое го одбираат голем број на странски туристи. Се смета за едно од најчистите места, а привлечна за туристите е и Галичица која е под заштита на УНЕСКО.

5-najubavi-balkanski-plazi-5

2. Плажата Кара Дере, Бугарија. Најдобро одредиште за оние кои сакаат да уживаат на најчистата и најприродната плажа на Црното море. Во овој недопрен рај нема да најдете ништо повеќе од мек песок, преубава природа и заливи со слатка вода. Затоа понесете си мобилно фрижидерче со себе.

5-najubavi-balkanski-plazi-3

3. Бајова Кула, Црна Гора (Которска ривиера). Вистинското место за оние кои не поднесуваат гужва. Заборавете на палмите, овде сте окружени со планини. Уживајте во приватноста на песочната плажа. Околината и архитектурата ќе ве воодушеват.

5-najubavi-balkanski-plazi-4

4. Корчула, Хрватска. Најдобра дестинација за парови кои се во потрага по романтична изолација. Корчула е окружена со многу островчиња и преубави карпести плажи кои се чисти и убави.

5-najubavi-balkanski-plazi-2

5. Пелионскиот полуостров, Грција. Вистинските љубители на сонцето од Атина, попрво би го одбрале полуостровот пред популарните грчки острови. Овде нема бука, гужва и галама. Скриени заливи и диви овошки, природа, убавина, сонце и море.

5-najubavi-balkanski-plazi-1

Кое е вашето омилено место на Балканот?

Би можело да ве интересира:

Холанѓанец воодушевен од Македонија: „Таксистите во Скопје не пробуваат да те измамат, Охрид е спект... „Вторпат го посетив Скопје и моите позитивни импресии за градот не се сменија - ...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Места во Македонија од каде што можете да ги видите најубавите зајдисонца (фото) Матка, езерото Козјак, скопскиот аквадукт - има многу места низ Македонија во ко...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
5 најубави таверни на Ситонија - вкусна храна, прекрасно зајдисонце и морето на дланка Вториот крак на Халкидики, има посебна магија. Иако веќе речиси доста испопулари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg