„Ги гуглав симптомите на ќерка ми, стравувам дека е социопат – Што да правам?“

„Таа речиси и да нема пријатели и наставниците неколкупати нѐ предупредија дека се однесува агресивно кон соучениците. Се случувало насилно да им зема играчки на другите деца и да не сака да се извини, да ги турка децата“ - мајка открива кои се симптомите заради кои верува дека нејзината ќерка е социопат.

gi-guglav-simptomite-na-kjerka-mi-stravuvam-deka-e-sociopat-shto-da-pravam-01.jpg

Една загрижена анонимна мајка упати писмо до колумнистката на Daily Mail, Џејн Грин и побара совет како да се справи со симптомите што ги покажува нејзината ќерка за која е уверена дека е социопат.

Проследете го нејзиното писмо во целост:

„Драга Џејн,

Ќерка ми има 6 години и во последната една година забележав дека таа е многу поразлична од другите деца – и не во смисла дека е ‘посебна’, туку нејзиното однесување ми укажува дека може да постои нешто што не е во ред со неа.

Уште кога беше мала, ќерка ми не сакаше да се гушка или да искажува емоции, освен кога сака да добие нешто од мене или од сопругот.

Дури и се шегувавме дека еден ден ќе стане извршен директор во некоја компанија, затоа што знаеше одлично да манипулира со сите од најмала возраст.

gi-guglav-simptomite-na-kjerka-mi-stravuvam-deka-e-sociopat-shto-da-pravam-02.jpg

Но, како што расте, така станува постудена. Не само со нас, туку и со другите деца во училиште, со нашите пријатели и роднини, па дури и со кучето.

Таа речиси и да нема пријатели и наставниците неколкупати нѐ предупредија дека се однесува агресивно кон соучениците. Се случувало насилно да им зема играчки на другите деца и да не сака да се извини, да ги турка децата на игралиштето, па дури и да удри со книга друго мало девојче.

Секојпат кога се случувало ова, седнавме и ѝ објаснивме дека нејзиното однесување е погрешно, а таа само клима со главата, но ми се чини дека воопшто не ме слуша, ниту пак покажува некакви знаци на чувство на вина.

gi-guglav-simptomite-na-kjerka-mi-stravuvam-deka-e-sociopat-shto-da-pravam-03.jpg

Минатата недела, иако знам дека е погрешно, почнав да ги гуглам нејзините симптоми во однесувањето за да видам дали има други родители што се соочиле со слични проблеми со нивните деца, но додека пребарував, еден збор постојано отскокнуваше: ‘социопат’.

Првично ги затворив страниците и се заколнав дека веќе никогаш нема да го користам Гугл за дијагноза, но потоа сфатив дека однесувањето на ќерка ми е во голема мера согласно со клиничките одлики што се користат за да се дефинира социопатијата.

Не сакам да креирам непотребна драма, но знам дека морам да откријам што е проблемот со однесувањето на ќерка ми.

Сопругот мисли дека ќе порасне и ќе се промени, но јас не сум сигурна... Мислам дека само може да се влоши. Што да правам?“

gi-guglav-simptomite-na-kjerka-mi-stravuvam-deka-e-sociopat-shto-da-pravam-04.jpg

На самиот почеток на одговорот, Џејн нагласува дека Гугл не е и не смее да се користи како алатка за дијагноза и дека тоа е најчеста грешка што ја прават родителите.

„Вашата ќерка можеби покажува знаци поврзани со социопатија, но може да има и голем број други нарушувања заради кои има несогласувања со врсниците.

Само професионалец може да утврди дали станува збор за нарушување на личност или невролошко нарушување.

Колку порано интервенирате како родители, толку подобар ќе биде исходот и нејзиното однесување може да се подобри со помош на терапија и ќе се намали ризикот од влошување“ – пишува таа.

За крај, таа вели дека ваквото проблематично однесување не мора нужно да се развие во социопатија, ако навремено се реагира.

gi-guglav-simptomite-na-kjerka-mi-stravuvam-deka-e-sociopat-shto-da-pravam-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg