Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Мудра жена има супер порака до оние кои постојано прашуваат: Кога планираш дете?

Една млада жена, Емили Бингам, била изморена од прашањето „кога планираш да имаш деца?“, па решила одговорот да го сподели на Фејсбук. Но, она што не очекувала било дека истиот вирално ќе се прошири и ќе има огромен ефект на жените ширум светот.

mudra-zena-ima-super-poraka-do-onie-koi-postojano-prasuvaat-koga-planiras-dete-01.jpg

На 20-ти септември Емили споделила фотка од ултразвук која ја нашла на Google за да го привлече вниманието на пријателите, по што следувала порака:

„Сега кога го добив вашето внимание со оваа слика од ултразвук која ја најдов на Google, ова е само пријателско предупредување дека туѓите репродуктивни планови и одлуки не се ваша работа. НЕ СЕ ВАША РАБОТА!

Пред да прашате некој млад брачен пар кој долго е заедно, кога конечно ќе создаде семејство... Пред да ги прашате родителите на едно дете кога пристигнува малото братче или сестриче... Пред да прашате сингл 30-годишен човек кога и дали планира деца, затоа што знаете, часовникот отчукува... Престанете. Само престанете.

Никогаш не знаете кој се соочува со неплодност, или жали по спонтаниот абортус кој се случил или едноставно има здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската, или е под притисок и едноставно тајмингот не е вистински.

Не знаете кој е во дилема дали сака да има деца, или да има повеќе деца. Не знаете кој одлучил дека сега не е време за дете, или дека никогаш нема да биде време.

Не знаете како вашето навидум невино прашање може да предизвика тага, болка, стрес и фрустрација.

Се разбира, кај некои луѓе нема да предизвика негативни емоции, но од мое искуство и искуството на моите блиски пријатели, можам да ви кажам дека големи се шансите да предизвика загриженост.

Заклучокот е: Без разлика дали сакате да станете баба или дедо, или само го поставувате прашањето затоа што сте добронамерен пријател, не е ваша работа. Наместо тоа, прашајте за што се возбудени. Прашајте ги кој е најдобриот дел од денот кој им се случил. Ако личноста сака да ви каже нешто за плановите поврзани со децата, ќе ви каже. Ако сте само љубопитни, единствената работа која може да ја направите е да седите и чекате тие да го направат својот избор, дали се подготвени или не.“

Би можело да ве интересира:

Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви? На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...
Како да го направите домот побезбедно место, ако живеете со стари луѓе? Кога почнувате да го уредувате домот, најважната работа најчесто ви е визуелниот...
„Знаеш дека си мајка со мали деца кога повеќе ни во бањата не си сама“ Шест часа сон, дури и со повеќекратни прекини за хранење на новороденчето, изгле...
Грешки при изборот на детска облека што родителите треба да ги избегнуваат Максимално избегнувајте ги блузоните со врвки и давајте предност на едноделните ...
Психолог со совети за родители на тинејџери: „Зошто не треба да ги ставате вашите деца под казна?“ Ако се соочувате со лошо однесување од децата можеби треба да промените нешто ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg