7 разлики меѓу обичниот и мудриот родител

Сите ние длабоко во себе знаеме како правилно да постапиме со децата, но во секојдневието понекогаш ни недостасува трпение и поголема доза мудрост за тоа да го оствариме.

7-razliki-megu-obicniot-i-mudriot-roditel-36.jpg

Како успеваат мудрите родители во тоа? Што ги одвојува нив од сите останати или „обични“?

1. Обичните родители веруваат дека целото свое слободно време треба да им го посветат на децата, притоа своите интереси да ги запостават или да ги стават во втор план.

Мудрите родители се самостојни и сакаат да се грижат за себе, а на тоа ги учат и своите деца.


2.
Обичните родители ги поминуваат ноќите помагајќи им на своите деца да ја завршат домашната работа.

Мудрите родители се водат по едно правило - задолжението е на детето и единствено тоа е одговорно дали истото ќе биде исполнето или не.


3.
Обичните родители се обидуваат да се извинат за она што го згрешиле преку подароци и пари.

Мудрите родители секогаш му овозможуваат на детето доволно средства за да може да ги распореди на начин на кој ќе има да си го купи она што ќе го посака. И што е најважно џепарлакот никогаш не се зголемува заради вината која ја чувствуваат.


4.
Обичниот родител често не се обидува да сфати зошто неговото дете се однесува лошо.

Мудриот родител со сета своја сила го сослушува детето и продира во неговите мисли и душа така што би разбрал што го натерало на таа постапка. Потоа, бара начин да му помогне наместо да го казни.


5.
Обичниот родител при растењето на детето има цел да израсне пристоен човек.

Мудриот родител прави сè што може за да изгради близок однос со детето.


6.
Обичниот родител го расте своето дете во атмосфера во која владее попустливост.

Мудриот родител сфаќа дека секој има целосно право на свој личен простор, хоби и време поминато сам со себе, па затоа не се плаши да постави цврсти и строги граници.


7.
Обичниот родител се обидува да го заштити своето дете од сите животни потешкотии, правејќи нешто за неговото дете да не мора да го прави истото.

Мудриот родител му дозволува на детето да згреши, за потоа заедно со него да ја дискутира лекцијата која ја научил од настанатата ситуација.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Игра за креативен развој на децата: Како да им направите сенки со рацете? Како да направите зајак? Или куче? Со овие туторијали лесно ќе научите како да н...
„Знаеш дека си мајка со мали деца кога повеќе ни во бањата не си сама“ Шест часа сон, дури и со повеќекратни прекини за хранење на новороденчето, изгле...
„Ми рекоа дека моето дете е ‘просечно’ при упис во прво одделение – Зошто не се загрижив?“ „'Вашето дете е просечно’, малку уплашено ми ги соопшти педагогот резултатите од...
Како да престанете постојано да им забранувате сè на вашите деца (и зошто е тоа добро)? Дозволете им на децата да прават работи кои вообичаено им се забранети како, на ...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg