6 работи кои ќе и ги кажам на мојата ќерка пред да порасне во жена

Јас те израснав, те воспитав, те сакав искрено и секогаш ќе те сакам. Ти ќе бидеш мое вечно дете и тогаш кога не си сигурна, ќе бидам покрај тебе за да те заштитам и за да ти помогнам да застанеш на своите нозе.

6-raboti-koi-kje-i-gi-kazam-na-mojata-kjerka-pred-da-porasne-vo-zena-001.jpg

А, сè што сакам, е да ги имаш овие работи на ум:

1. Ако некое момче сака да те бакне, не значи дека мора да вратиш

Турни го – некои момци сакаат да играат „опасни игри“, а ти драга, не си ничија играчка.


2. Некои момчиња ќе ти кажуваат убави зборови

Понекогаш тажни работи, понекогаш прекрасни работи... Понекогаш работи кои ќе ти ја зовријат крвта, но не им верувај. Повеќето луѓе никогаш не го мислат она што го кажуваат. Таков е животот и тоа е во ред.


3. Биди силна, храбра и не се плаши од светот и луѓето во него

Секогаш кажувај го она што ти е на памет. Предизвикувај го тогаш кога се сомнева во тебе. Давај му факти и аргументи по кои засрамено ќе ти се извини. Секогаш кога си гневна јасно изрази се. Твоите зборови значат. Ти значиш.


4. Ти си убава

Отсекогаш си била убава и ќе останеш таква. Дури и тогаш кога списанијата не ги ценат твоите широки колкови. Твоето тело е единствениот сигурен дом кој го имаш во овој живот и треба да се научиш да го цениш, сакаш и почитуваш без разлика на тоа како изгледа.


5. Во ред е да јадеш сама

Не треба да се срамиш од самотијата. Излези сама на кафе, на ручек или вечера. Биди сама свое друштво и уживај во себеси.


6. Ако едно утро се разбудиш и започнеш да го гледаш светот во сиво - дојди кај мене

Јас ќе ти бидам поддршка, ќе ти ја пуштам омилената музика и ќе те потсетам демоните во твојата глава во ниту еден случај не се посилни од тебе. Ќе те потсетам за тоа колку му требаш на светот, а потоа ќе те бакнам во челото и ќе ти кажам дека те сакам, ќе бидам покрај тебе сè додека не станеш и не почнеш да гледаш други нијанси.

Би можело да ве интересира:

Илустрации што покажуваат дека животот со тинејџери не е песна (и дека животот со нив носи главоболк... Се сеќавате ли сѐ уште на времето кога бевте тинејџери? Помните ли како ви беше ...
Психолошки грешки на родителите, заради кои децата стануваат „нарциси“, низ илустрации Дали родителите се виновни што некои деца прераснуваат во нарцисоидни личности? ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg