30 изрази од мајките кои секој од нас барем еднаш ги слушнал

Без разлика од која земја потекнуваме, каде живееме и во што веруваме нашите мајки се чини како да имаат некаков универзален јазик на зборување кој влегува во нивните глави уште од првиот момент кога во своите раце ќе го добијат тоа малечко суштество кое го родиле.

30-izrazi-od-majkite-koi-sekoj-od-nas-barem-ednas-gi-slusnal-01.jpg

„Ќе ме разбереш кога ќе имаш свои деца“, „Еден ден ќе ми бидеш благодарен“ и „Учиш за себе, не за мене“ звучат исто на секој јазик.

Сепак колку и да ни било досадно да го слушаме ова постојано како поминуваат годините сфаќаме дека секоја нивна реченица била кажана на место и порано или подоцна се покажала како целосно точна, а сето она кое во тие моменти ни изгледало како намерна тортура било само знак на огромна љубов и грижа за нас.

30 цитати кои ќе сигурно сте ги слушнале:

1. Ти кажав 100 пати да не се нишаш на столот додека јадеш.

2. Сендвичот не е вистинско јадење.

3. Ќе го најдеш таму каде што си го оставил.

4. Исправи се.

5. Ти реков.

6. Оди на спиење, бидејќи нема да можеш да станеш утре.

7. Јас завршив со факултетот пред 20 години па уште ја знам таблицата за множење.

8. Рече дека те боли главата? Од компјутерот ти е.

9. Ќе ме разбереш кога ќе имаш свои деца.

10. Кога бев на твои години немав време за вакви глупости.

11. Зошто ти се толку пари?

12. Кога ќе заработуваш твои пари троши ги како сакаш.

13. Кој ќе го шета кучето? Ти секако.

14. Не сакам да слушнам вакво нешто од тебе никогаш повеќе.

15. Учи за да не работиш.

16. Може да ми отвориш профил на Фејсбук?

17. Зошто ја извади капата кога излезе? Те видов низ прозорец.

18. Зошто постојано луѓето се жалат од тебе?

19. Еден ден ќе ми бидеш благодарен.

20. Учиш за себе, не за мене.

21. Ако не учиш, цел живот ќе работиш како чистач.

22. И јас сакам многу работи.

23. Уште не си станал од кревет а одма го земаш телефонот во раце.

24. Вака зборуваш и со наставниците во училиште?

25. Не ми е гајле за другите, јас се грижам за тебе.

26. Фрли го ѓубрето кога ќе излегуваш.

27. Јас успеав да пораснам и без интернет!

28. Собата ти е во хаос, како може воопшто да најдеш нешто?

29. Престани да го чепкаш носот.

30. Пилето не е попаметно од кокошката.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едукативно видео: Што да прави вашето дете кога мисли дека некој го следи? Јутјуберка од Србија со ќерка ѝ направила едукативно видео во кое покажува како ...
Мајка ги подели мислењата – за роденденот на децата барала подароци во плико „Со парите купив нешто што сакаат, а тоа што ќе остане ќе им го заштедам и така ...
Совети за родители: Како да разговарате со ќерка ви за (првата) менструација? Едуцирајте ја за менструацијата и промените кои доаѓаат со неа и научете ја како...
„Еден ден децата ќе ме прашаат вреди ли да се биде мајка: Што ќе им одговорам?“ „Беше бучно, беше толку многу бучно, премногу често, но тишината што се јав...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
„Кога станав татко добив депресија – не знаев дека постпородилна депресија може да се појави и кај м... „Првиот пат кога ја држев во раце, сфатив дека никогаш не сум видел нешто толку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg