Работи кои не знаевте дека бебињата можат да ги прават

Бебињата се слатки и интересни, но знаеме дека сé уште ги развиваат основните функции пред да се квалификуваат како когнитивни човечки суштества...

Raboti-za-koi-ne-znaevte-deka-bebinjata-mozat-da-gi-pravat

Како бебињата растат, тие полека ги развиваат различните функции потребни за да преживеат во светот.

Но, бебињата се способни за многу повеќе отколку што обично им даваме признание.

Ова се неколку работи за кои не знаевте дека бебињата можат да ги прават:

Слушање на сите фреквенции на звукот во исто време

Бебињата не можат да ја разберат разликата помеѓу зборување и други звуци, но ова не е затоа што не се толку добри во слушање, туку бидејќи се програмирани на сосема различен тип на слух. Бебињата ги слушаат сите звучни фреквенции истовремено.


Разликување на лица, дури и на други видови

Бебињата се всушност прилично добри во идентификување на лицата, дури и кога станува збор за различни видови. Способноста да се препознаваат лицата на различни видови и раси се губи како што старееме, бидејќи возрасните личности ги препознаваат лицата според блискост.


Судење на карактер

Способноста да се суди дали некој ќе ви се допаѓа или не е вградена во нас, како еволуциска особина. Тоа е социјална вештина која е од суштинско значење за општеството, како и за опстанокот. Оваа особина била особено важна кај ловците-собирачите кои морале да одредат дали некој сака да ги убие или да ги украде неговите лични предмети.


Учење на јазици во матката

Учењето на нов јазик е процес кој трае долго време. Иако се работи за вештина која ја подобруваме како што старееме, чувство за јазици започнува многу порано отколку што мислиме. Бебињата можат да го научат јазикот на своите мајки во матката, а можат да се идентификуваат со мајчиниот јазик уште кога се едвај стари неколку часа.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 емотивни рани од детството кои остануваат во нас и кога ќе пораснеме Страв од напуштање, понижување... Некои рани од детството не се лекуваат лесно, ...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство? Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вре...
Грешки при изборот на детска облека што родителите треба да ги избегнуваат Максимално избегнувајте ги блузоните со врвки и давајте предност на едноделните ...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Психолошки трикови за да го натерате детето да ве слуша, низ илустрации Наместо да му наредувате дајте му избор. Наместо да го критикувате – пофалете го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg