10 знаци на бременост за кои не сте свесни

Голем број од жените имаат проблем да ги препознаат први знаци на бременост кои не се толку многу карактеристични.

10-znaci-na-bremenost-za-koi-ne-ste-svesni-01

Постојат толку многу приказни меѓу жените па дури и цели телевизиски емисии посветени на жени кои не знаеле дека се бремени сè до самото породување.

Затоа решивме да ви ги претставиме првите знаци на бременост кои можеби и не се толку очигледни, но со сигурност укажуваат дека во вас започнува да се развива нов живот.

1. Крвавење

Многу жени сметаат дека доколку имаат вагинално крвавење не се бремени. Меѓутоа доста честа е појавата жените да забележат вагинална екскреција на крв за време на првите фази од бременоста.

Всушност, според едно истражување објавено во списанието „American Family Physician“, околу 25% од жените крвават во нивното прво тримесечје.


2. Зголемена желба за секс

Во вашето тело се случуваат толку многу промени кога сте бремени па одредени делови од него стануваат многу почувствителни. На пример, имате зголемен проток на крвта во долниот дел на телото.

И не само тоа, зголеменото ниво на хормоните ќе ве прави ненаситни за секс. Па ако забележите дека либидото ви отскокнува значително во однос на нормалното можеби добра е идејата да купите тест за бременост.


3. Метален вкус во устата

Верувале или не, хормоните имаат дејство дури и врз вашето чувство за вкус. Кога телото се соочува со зголемување на хормоните заради бременоста, потребно е некои време за тие да се отстранат и да почувствувате нормален вкус повторно.

Многу жени се жалат на вакви чудни метални вкусови во устата после оброците.


4. Живи соништа

Многу жени признаваат дека имале изразено живи соништа за време на бременоста и тоа дури и жени кои ретко кога претходно ги паметеле соништата кога ќе се разбудат.

Постојат голем број теории кои се обидуваат да ја објаснат причината за овие соништа. Некои научници ги наведуваат хормоните како причина, додека други тврдат дека недостатокот од сон е всушност причината за нивна појава.


5. Чувствителни гради

За време на бременоста, а особено во првото тримесечје, често се случува градите да ви бидат многу чувствителни. Дури тие може и да ви предизвикуваат болка.

Покрај тоа вашите брадавици може да станат поиспакнати, областа околу нив да стане поголема и потемна, а сините вени на градите многу позабележливи.


6. Темни точки на кожата

Темните точки на кожата, познати како „мелазма“, се појавуваат кај 50% од жените за време на бременоста.

Нивоата на хормоните предизвикуваат како поголема чувствителност на сонце така и промени во пигментацијата на вашата кожа.


7. Замор

Заморот е честа појава за време на бременоста бидејќи вашето тело произведува поголема количина на крв за таа да може да ги пренесува хранливите состојки до вашето бебе.

Нивоата на вашите хормони постојано се менуваат, а вашето тело доживува многу физички и психички промени кои го истоштуваат вашето тело.


8. Честа потреба за уринирање

Ако почувствувате дека одењето бањата е многу позачестено од претходно, тоа може да биде знак на бременост.

При бременоста телото започнува да задржува повеќе течности, па вашите бубрези работат многу повеќе, а како резултат на тоа се создаваат поголеми количини на гонадотропин, хормон кој го зголемува протокот на крв во карлицата. Сите овие промени може да ве натераат почесто да ја посетувате бањата.


9. Главоболка

Зачестените главоболки се честа појава за време на првото тримесечје од бременоста. Во овој период, вашето тело го зголемува нивото на крв која се создава заедно со примањето на дополнителните хормони.

Токму овие промени го прават вашето тело посклоно на главоболки.


10. Промени на расположението

Ако вашето расположение осцилира слично како ЕКГ линијата на вашето срце, тоа може да биде предизвикано од хормоналното пореметување за време на бременоста.

Во првите 12 недели доаѓа до зголемување на количините на хормоните естроген и прогестерон. Зголеменото ниво на овие хормони може да ве направи многу почувствителни и раздразливи од претходно. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен о... Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што ...
Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви? На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служа...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“ „Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше п...
Мила, Давид, Eва: Најпопуларните имиња за бебиња во Македонија Кои 10 машки и кои 10 женски имиња се најпопуларни во Македонија? Погледнете кои...
Мајка ги подели мислењата – за роденденот на децата барала подароци во плико „Со парите купив нешто што сакаат, а тоа што ќе остане ќе им го заштедам и така ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg