Образованието на децата не треба да започне со математика или хемија, туку со музика

Покрај себе имаме неверојатни деца - внимателни, паметни и чувствителни. Еден ден ги носиме на училиште и се препуштаме на формалното образование да го доврши нивното воспитување. А, што понатаму откако ќе завршат матура? Факултет?

obrazovanieto-na-decata-ne-treba-da-zapocne-so-matematika-ili-hemija-tuku-muzika-01.jpg

Но, што не е во ред со ова? Денешното образование се концентрира на математиката, компјутерите и јазиците, а многу малку ја поттикнува креативноста преку музиката и литературата.

Токму затоа, наша одговорност е да се погрижиме креативноста со која се раѓаат нашите деца да не умре таму, туку сами да се погрижиме и понатаму во животот да ја негуваат.

Онака како што се посветуваме на математиката, историјата, географијата, биологијата и секој друг предмет кој има за цел да ја изгради рационалноста кај децата, така подеднакво треба да се посветиме и на десната хемисфера.

На музика, посебно.

Ако сакате вашите деца да ги направат своите први чекори кон Нобелова награда, започнете го нивното образование, не со математика или хемија. Започнете го со музика.

Тоа што Ајнштајн многу често, на фотографиите, го гледаме со виолина покрај себе не е без причина, односно случајност.

Музиката отвора нов поглед кон светот, сосема поинаков од оној кој го добиваме со формалното образование.

Културата доаѓа пред сè.

Сè друго само ќе си дојде.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (очигледни) знаци дека вашето дете е разгалено Почнува да вика, крши или да плаче ако работите не се по негово, не криe ако е н...
10 популарни Монтесори игри кои може да ги направите сами Наместо да му понудите на детето десетици игри кои свират од сите страни и брзо ...
9 совети што секој родител треба да му ги каже на детето, според психологот Џордан Питерсон „Детето кое ги применува овие совети ќе биде добредојдено во секое друштво“, вел...
Србинка стана мајка по 14 години борба со неплодност, 14 вонтелесни оплодувања и 60 целосни анестези... „Јас својата борба ја започнав кога имав 24 години. Повеќе од 14 години со помош...
Паметни на мама, а не на тато: Зошто децата интелигенцијата ја наследуваат од мајките? Науката дала одговор на прашањето „Од кого децата ја наследуваат интелигенцијата...
Видео што ќе ве трогне: 5-годишно девојче ја смирува мајка си по паничен напад „Сакаш да те прегрнам уште еднаш?“ – ја прашува својата мајка, едно мало 5-годиш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg