Како изгледаат ноктите на девојката која ги нема скратено 3 години?

Симон Тејлор е 16-годишна студентка која изминативе 3 години се посветила на растење на ноктите, за сега да бидат речиси 15 сантиметри долги.

kako-izgledaat-noktite-na-devojkata-koja-gi-nema-skrateno-3-godini-001.jpg

За лакирање на ноктите и требаат околу 3 часа, а заради нив морала одново да учи да пишува, куца, да се тушира и да се облекува внимателно без да ги скрши.

Иако попуштила дури и со оценките бидејќи имала потешкотии при писмените тестови, не се откажува од нив.

„Во моментов имам тестови и многу ми е тешко да пишувам, по 1 час пишување рацете ужасно ме болат. На компјутер, морам да ги користам коските на прстите. За среќа, училиштата во Германија немаат кодекс за облекување кој мора да се почитува, па не ми прават проблеми. Не можам ни да играм било каков спорт со топка,“ раскажува девојката.

Опсесијата со екстремно долги нокти започнала во август 2014-та и оттогаш Симон е посветена на нивно растење.

За да ги одржи цврсти вели дека користи масло за кутикули и задолжително два слоја лак - зацврснувач за нокти. Долниот дел секој ден го чисти со памук за да ги одржи уредни.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg