Трикови со кои секоја жена инстантно ќе изгледа 10 години помладо


Трикови со кои секоја жена инстантно ќе изгледа 10 години помладо

Во животот многу од луѓето се чувствуваат помладо отколку што годините им налагаат и тоа е одлично. Но, како да ја ускладите духовната возраст со физичката?

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-001.jpg

Постојат неколку испробани трикови кои докажано подмладуваат инстантно цели 10 години:

Веѓи

Драматичните, тенки веѓи со остри линии и закосувања ви додаваат 10 години.

Природните густи веѓи секогаш подмладуваат.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-1.jpg

Еднаков тен

Нееднаквиот тен и пудрата која е посветла/потемна од природната боја на кожата ве прави постари.

Чистото лице со еднаков тен секогаш делува младешки.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-2.jpg

Лесен слој пудра

Дебелиот слој на пудра само ќе ви ги нагласи брчките.

Лесната, течна пудра со мало осветлување со помош на коректор под очите е идеално за младешки изглед.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-3.jpg

Руменило

Темните нијанси секогаш ви додаваат години.

Седефастите, светли руменила, како на пример со боја на праска, се единствените кои ви требаат.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-4.jpg

Моливче за очи

Црното моливче за очи е одлично, но ризично бидејќи може да направи да изгледате изморено.

За разлика од него, кафеавото или темно синото моливче визуелно ќе ви ги освежи и зголеми очите.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-5.jpg

Маскара

Трепките без маскара може само да ги нагласат брчките и подуените очи.

Трепките со маскара го одвлекуваат вниманието од сите недостатоци на лицето.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-6.jpg

Волумен на коса

Залижаните фризури се големо НЕ.

Создадете волумен, бранови и локни за да изгледате помлади.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-7.jpg

Сенка за очи

Тешките слоеви и големата количина на сенка размачкана по очите капаци повторно создава заморен изглед.

Ќе изгледате многу помлади ако нанесете повеќе светли нијанси само на капакот, над трепките.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-8.jpg

Тен

Златна средина е она што ви треба. Премногу темниот или бледиот тен секогаш ве прави постари.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-9.jpg

Боја на коса

Темната боја на коса секогаш изгледа како да имате повеќе години од посакуваното.

За разлика од тоа, медовата или карамела нијанса на коса е секогаш свежа и модерна.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-10.jpg

Парфем

Некои невролози и психолози тврдат дека луѓето кои користат парфеми со ноти на розов грејпфрут оставаат впечаток на помлади отколку што реално се.

trikovi-so-koi-sekoja-zena-instantno-ke-izgleda-10-godini-pomlado-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 правила со кои темната шминка нема да изгледа страшно Темните зачадени очи се еден вечно модерен тренд и изглед кој очигледно ќе потра...
Како да одберете идеална пудра за вашиот тип на кожа? Многу веројатно е дека следите барем 2-3 шминкерки на YouTube или Instagram, од ...
10 бои за шминка кои прилегаат на секој тип на жена Секоја жена влегува во продавница за козметика со прашањето - како да ја одберам...