Златно правило за средување на веѓите кое мора да го научите

Добро средените и обликувани веѓи може многу да сменат во изгледот на секоја жена.

zlatno-pravilo-za-sreduvanje-vegji-koe-mora-da-go-nauchite-01.jpg

Затоа е најдобро ова да го препуштите во рацете на професионалните козметичари кои точно ќе знаат каков облик е најдобар за вашето лице.

Но, дури и ако редовно ви ги средуваат во салон, сепак често е потребно во меѓувреме и вие да исчупкате по некое влакненце кое е вишок за постојано да имате совршен изглед.

View this post on Instagram

A post shared by Suman Jalaf (@browsbysuman)

А, за тоа е важно да го знаете единственото и основно правило за ублажување на болка и спречување брзо растење на влакненцата.

„Влакненцата треба да се лизгаат по кожата, а тоа ќе го постигнете само ако ги скубете во насоката во која растат. Избегнувајте силно вадење и повлекување на влакненцата, бидејќи тоа може да предизвика и поткожни влакна.“ – советува козметичарката на славните, Суман Јалаф.

Добро е да знаете и дека веѓите многу полесно ќе ги исчупате ако тоа го направите веднаш по туширање, бидејќи тогаш порите се поотворени, а влакненцата помеки.

Не заборавајте дека светлината на која се средувате не треба да биде пресилна, бидејќи така ќе го видите буквално секое влакненце на лицето и може да претерате со отстранувањето, што ќе доведе до лош изглед.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...
13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
13 фото-споредби на славните дами со обични и избелени веѓи Од Ким Кардашијан до Ирина Шајк и Мадона, како изгледаат славните дами со избеле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg