Заборавете на срамот: Што треба да направите веднаш по туширањето?

После топлиот туш, веројатно првото нешто кое ви паѓа на ум е да се обвиткате со мек пешкир или наметка. Пред кожата да ви се наежи од студениот воздух во бањата, или, пак, за да го избегнете одразот на своето голо тело во огледалото. Но, пред да посегнете по пешкирот, направете го следното.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-1.jpg

Експертите се согласни дека за вашата самодоверба, најдобро е првин да се погледнете во огледало од сите страни, штом исчекорите од тушот.

Така е. Додека сте сосема голи и во својот полн сјај.

Тоа ќе ве направи помалку негативни кон своето тело, нормализирајќи ви го доживувањето на истото, пренесува страницата Yahoo Health.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-2.jpg

Зошто го одвраќаме погледот од огледалото? Постојат две причини поради кои луѓето избегнуваат да се погледнат во огледало после капењето.

Првата е забележувањето на своите несовршености пред било што друго.

Втората, пак, затоа што автоматски се споредуваме со другите, особено со нереалистичните прикази за човечкото тело во медиумите.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-3.jpg

„Општеството нѐ научи постојано да размислуваме за начини на кои би се подобриле себеси. Меѓутоа, колку повеќе се фокусираме на своите маани, толку повеќе тие се зголемуваат во нашите очи. А, тоа нѐ принудува да избегнуваме секaкво набљудување на сопствените тела.", истакнува психологот Sari Shepphird.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-4.jpg

Покрај редовна „проверка“ во огледалото, експертите препорачуваат да направите и една кратка вежба за зајакнување на самодовербата:

Именувајте пет позитивни работи на вашето тело. Тоа може да бидат нештата за кои сте благодарни, или, пак, оние делови од телото кои сакате да ги гледате. Може да биде било што – од бојата на очите до педикирот на кој сте отишле пред неколку дена – сѐ додека е нешто позитивно.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-5.jpg

Ако имате проблем со смислувањето на тие пет работи, тогаш темелно размислете за убавите коментари и комплименти кои сте ги добиле од другите луѓе за вашето тело.

А, доколку стравoт од гледање на сопственото тело ви е поголем од сѐ од наведеното, обидете се да започнете со оваа вежба за самодоверба еднаш неделно, наместо да ја практицирате секој ден.

Полека напредувајте низ седмиците, постепено зголемувајќи го бројот на вежбите.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-6.jpg

Иако тоа подразбира само минорна промена во вашата рутина, може да има исклучителен ефект, што ќе ве трансформира како личност.

Затоа, не ризикувајте да паднете на мокрите плочки. Наместо да мижите и трчате кон пешкирот после туширањето, почестете го вашето тело со пет комплименти.

Секој ден ќе си бидете сѐ повеќе и повеќе благодарни.

zaboravete-na-sramot-shto-treba-da-napravite-vednash-po-tushiranjeto-7.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да...
10 трикови со кои ќе ја задржите свежината и ќе изгледате помладо Прикријте ги линиите на челото со шишки, не го ставајте руменилото под јаболчниц...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg