Болка во грбот, препотување и уште 4 знаци дека носите градник со погрешен број

Сите знаеме дека изборот на вистинскиот градник може да биде од пресудно значење – градникот со погрешен број не само што нема да ви го даде очекуваниот изглед на аутфитот, туку ќе ви предизвика и проблеми како болки во грбот. 

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-01.jpg

Кога станува збор за избор на градник, проблем немаат само жените со големи гради, туку и оние со помал обем на градниот кош. Особено доколку не се сигурни во тоа кој број на градник им е потребен или не знаат како да го одредат.

Затоа е мошне важно да одвоите време и да го најдете вистинскиот број за вас.

Неколку знаци дека ви е потребен друг број на градник:

Го закачувате на последниот ред копчиња

Новиот градник треба да се закопчува на првиот ред копчиња, а не на последниот.

Градниците имаат повеќе редови копчиња, што треба да ви послужат за да можете да го закопчувате откако материјалот ќе се растегне од носење.

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-02.jpg

Не можете да ставите два прста помеѓу задниот дел на градникот и грбот

Ако нема простор да ставите два прста помеѓу градникот и грбот (како на илустрацијата), тогаш тој е премал за вас.

Ако, пак, има повеќе место од два прста, градникот ви е широк.

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-03.jpg

Чувствувате болка во грбот или областа кај ребрата

Еден од најочигледните знаци дека носите градник со погрешен број е појавата на болка.

Ако градникот е преголем, тогаш не ви ја дава потребната поддршка, па можно е да ве боли грбот ако имате поголеми гради.

Ако станува збор за модел што ви е мал, тогаш ќе ве стега кај ребрата, но и на рамената, па повторно ќе чувствувате болка.

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-04.jpg

Не можете да се движите слободно

Штом градникот ви го ограничува движењето, тогаш дефинитивно не ви е точен.

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-05.jpg

Се потите многу под него

Ако забележите дека се потите под градникот дури и кога не е многу топло, веројатно носите модел кој е премал за вас.

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-06.jpg

Жиците ви ги притискаат градите

Жиците од градникот (фишбајнот) треба да се наоѓаат веднаш под градите, а не да ги притискаат.

6-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshen-broj-kako-da-go-odredite-vashiot-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење или им поминал рокот? Ако не сте сигурни кога сте отвориле некој продукт за убавина, обрнете внимание ...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg