Дали вашето дете има инфекција со стрептокока или обичен вирус - како да ги разликувате симптомите?

Дали имате стрептокока или обична настинка? Зошто детето се жали на болно грло? Како да знаете дали носето тече од обична настинка или е предизвикано од бактеријата? Како да познаете дали веднаш треба да се јавите на лекар?

streptokoka-ili-virus-kako-da-prepoznaete-deka-na-vasheto-dete-itno-treba-da-go-odnesete-na-lekar-01.jpg

Најчесто болното грло може да биде предизвикано од вирусни инфекции, но понекогаш болката може да се јави како резултат на болести што се предизвикани од различните видови на бактеријата стрептокока.

Овие бактерии може да предизвикаат инфекции на грлото, инфекции на средното уво, пневмонија, па дури и да предизвикаат менингитис (инфекција на кората на мозокот и на ‘рбетниот мозок), па затоа е мошне важно навреме да се детектираат.

streptokoka-ili-virus-kako-da-prepoznaete-deka-na-vasheto-dete-itno-treba-da-go-odnesete-na-lekar-06.jpg

За да се утврди присуството на бактеријата неопходно е да се направат детални испитувања, но постојат повеќе симптоми што веднаш укажуваат на тоа дека ситуацијата е сериозна и дека треба веднаш да се јавите на лекар.

Бактеријата стрептокока најчесто опстојува во носот и во грлото, а е мошне заразна и се проширува лесно.

Заразените лица може да ја прошират бактеријата преку говор, кашлање или кивање, а најчесто од вакви инфекции страдаат децата на возраст од 5 до 15 години, како и родителите чиишто деца одат во градинки и училиште, или наставниците и негувателите.

Лицата се заразуваат ако ги вдишат респираторните остатоци од лицето што е заболено со бактеријата, ако допрат нешто каде што има респираторни остатоци, а потоа се допрат за устата или носот, или ако пијат од истата чаша или јадат од истата чинија од која јадело лицето што е заразено со бактеријата стрептокока.

streptokoka-ili-virus-kako-da-prepoznaete-deka-na-vasheto-dete-itno-treba-da-go-odnesete-na-lekar-03_copy_copy.jpg

Вообичаено периодот на инкубација на бактеријата трае од 2 до 5 дена, пред лицето што било изложено на бактеријата да се разболи.

Стрептокока група А

Инфекцијата на грлото со стрептокока, најчесто е предизвикана од бактеријата Streptococcus група А.

Се лекува само со антибиотици и затоа е неопходно при првите симптоми веднаш да се јавите на лекар.

За да се утврди точна дијагноза ќе треба да се направат дополнителни брисеви и испитувања, но најчесто знаците на инфекцијата на грлото со стрептокока се видливи и со голо око.

Најчестите симптоми вклучуваат:

  • покачена телесна температура,
  • болка при голтање,
  • црвени и отечени крајници,
  • бели точки или линии со гној на крајниците,
  • мали, црвени точки на врвот на устата,
  • отечени лимфни јазли на предниот дел од вратот.

Освен тоа, кај инфекцијата на грлото предизвикана од стрептокока, болката во грлото се јавува ненадејно, а на прв поглед грлото изгледа црвено.

Поретко може да се случи децата да повраќаат, да се жалат на главоболка, болка во стомакот и гадење.

Кај инфекциите на грлото со стрептокока најчесто нема течење на носот, кашлица, засипнатост на гласот или конјуктивитис.

Ако детето ги има овие симптоми (а ниту еден друг од претходните) тогаш најверојатно се работи за вирусна инфекција за која не треба антибиотик, но секако е најдобро да се консултирате со лекар.

Вообичаено, по неколку дена земање антибиотици детето се чувствува подобро.

streptokoka-ili-virus-kako-da-prepoznaete-deka-na-vasheto-dete-itno-treba-da-go-odnesete-na-lekar-02_copy.jpg

Пневмонија предизвикана од стрептокока

Друга мошне распространета бактерија е и Streptococcus pneumoniae. Најчесто се пренесува преку директен контакт со лице што е заболено или пак преку допирање предмети на кои ја има бактеријата.

Кај лицата заразени со бактеријата може да се јави инфекција на увото, сепса (труење на крвта) и пневмонија.

streptokoka-ili-virus-kako-da-prepoznaete-deka-na-vasheto-dete-itno-treba-da-go-odnesete-na-lekar-04_copy_copy.jpg

Доколку не се лекува може да предизвика менингитис (воспаление на кората на мозокот и на ‘рбетниот мозок) или инфекции на синусите.

Првите симптоми за присуство на бактеријата се ненадејна појава на температура и треска.

Други симптоми што може да се појават се:

  • главоболка,
  • кашлица,
  • болка во градите,
  • дезориентираност,
  • отежнато дишење,
  • омалаксаност,
  • а понекогаш и вкочанетост на вратот.

streptokoka-ili-virus-kako-da-prepoznaete-deka-na-vasheto-dete-itno-treba-da-go-odnesete-na-lekar-05_copy_copy.jpg

Исто како за инфекцијата на грлото и инфекцијата на носот се лекува со антибиотици, па затоа неопходно е при првите симптоми да се јавите на лекар.

По деталните испитувања лекарот ќе ви даде понатамошни препораки за тоа како треба да го продолжите лекувањето.

 Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg