Отечени зглобови и уште 5 знаци дека јадете многу сол (и зошто треба да намалите)

Покрај отоците на зглобовите, лицето и дланките, и дигестивните проблеми можат да бидат знак дека јадете премногу сол. Ако, пак, долг период претерувате со внесот на сол, можете да си создадете бројни проблеми – од висок крвен притисок, до камења во бубрезите.

otecheni-zglobovi-i-ushte-5-znaci-deka-jadete-mnogu-sol-i-zoshto-treba-da-namalite-001.jpg

Готварската сол, позната и како натриум хлорид, е состојка без која не можеме да си ја замислиме храната.

Готварската сол содржи околу 40% натриум и 60% хлорид и покрај тоа што значително го подобрува вкусот на храната, може да ѝ го продолжи и рокот на траење.

Односно, со векови, солта се користи како конзерванс за храна бидејќи во големи количини сол, бактериите не можат да преживеат.

Кај солта, натриумот е состојката што може да ни предизвика проблеми ако претераме со нејзиното количество.

Додека на нашиот организам му е потребен натриум, во големи количини може да предизвика многу штета.

otecheni-zglobovi-i-ushte-5-znaci-deka-jadete-mnogu-sol-i-zoshto-treba-da-namalite-04.jpg

Во продолжение кои се знаците дека јадете многу сол, како си го ризикувате здравјето, но и колку сол треба да јадете:

Знаци дека јадете многу сол

Високото количество сол во организмот се карактеризира на неколку начини:

Подуеност: Солта ги задржува течностите во телото, што може да предизвика подуеност во стомакот.

Висок крвен притисок: Кога во телото има премногу сол, работата на бубрезите е отежната, а ова резултира со зголемен крвен притисок.

Отоци: Повторно поради задржувањето на течностите во телото, можат да се јават отоци на дланките, лицето, стапалата и глуждовите.

Жед: Солта го дехидрира телото, па поради ова се зголемува потребата за вода.

Слабост: Кога има многу сол во крвта, може да се јави и чувство на замор.

Дигестивни проблеми: Големото количество сол може да предизвика гадење, дијареја и слични проблеми.

otecheni-zglobovi-i-ushte-5-znaci-deka-jadete-mnogu-sol-i-zoshto-treba-da-namalite-06.jpg

Кои се ризиците од прекумерното јадење сол?

Ако одвреме-навреме ви се случува да изедете повеќе сол од вообичаено, не би требало да се соочите со некои последици.

Но, долгорочното консумирање многу сол може да предизвика цела низа проблеми.

Овде спаѓаат:

  • Кардиоваскуларни проблеми, како проширено срце и висок крвен притисок
  • Зголемен ризик од мозочен удар
  • Намалено количество калциум во организмот
  • Остеопороза
  • Камења во бубрезите
  • Главоболки
  • Зголемен ризик од рак на стомакот

otecheni-zglobovi-i-ushte-5-znaci-deka-jadete-mnogu-sol-i-zoshto-treba-da-namalite-03.jpg

Што ако целосно ја избегнувате солта?

Веќе спомнавме дека натриумот од солта му е потребен на организмот. Па, можете да се соочите со проблеми и ако неговото ниво е многу ниско, односно ако воопшто не консумирате сол.

Покрај исхраната без сол, постојат и други причини за намалено ниво на натриум во организмот, вклучувајќи:

  • Одредени лекови (како некои диуретици, антидепресиви и лекови за болка)
  • Проблеми со срцето, бубрезите или црниот дроб
  • Хронична дијареја или друга причина за дехидратација
  • Пиење премногу вода
  • Хормонални промени

Ниското ниво на натриум се карактеризира со симптоми како гадење и повраќање, главоболка, збунетост, слабост и грчеви во мускулите и во сериозни (но поретки) случаи – кома.

otecheni-zglobovi-i-ushte-5-znaci-deka-jadete-mnogu-sol-i-zoshto-treba-da-namalite-07.jpg

Колку сол треба да внесувате?

Важно е да знаете дека солта не е опасна ако ја јадете умерено.

Но, ако имате проблеми со здравјето и вашиот лекар ви рекол да намалите или целосно да ја избегнувате солта, тогаш мора да ги слушате неговите препораки.

Генерално, препорачливо е да не се консумираат повеќе од 2.300mg натриум дневно, додека оптималното количество е околу 1.500mg. Ова е околу една лажичка сол дневно.

Во реалноста, многумина консумираме повеќе од ова.

Сепак, ако пробувате да бидете умерени, генерално се храните здраво и не ги забележувате симптомите што ги спомнавме погоре, не би требало да бидете премногу загрижени за внесот на сол.

Секако, ако имате какви било грижи, консултацијата со лекар може да ви биде од огромна помош.

otecheni-zglobovi-i-ushte-5-znaci-deka-jadete-mnogu-sol-i-zoshto-treba-da-namalite-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg