Која е разликата помеѓу алергија на млеко и интолеранција на лактоза?

Додека алергијата е реакција на имунолошкиот систем на два протеина кои се наоѓаат во млекото, интолеранцијата на лактоза се јавува кога дигестивниот систем не го лачи потребниот ензим за нејзино разградување. Што друго треба да знаете за разликите помеѓу алергија на млеко и интолеранција на лактоза?

koja-e-razlikata-pomegju-alergija-na-mleko-i-netolerancija-na-laktoza-01.jpg

Интолеранцијата на лактоза и алергијата на млечни производи се чести појави, но многумина не ја знаат разликата помеѓу нив.

И интолеранцијата и алергијата го оневозможуваат (или ограничуваат) консумирањето млечни производи, но помеѓу двете појави постојат многу разлики – и во симптомите, и во причините за нивната појава.

Што е алергија на млечни производи?

Алергијата на млечни производи е всушност атипична реакција на имунолошкиот систем на млеко и производи кои содржат млеко.

Ова е најчестата алергија кај малите деца и иако обично реакцијата е на кравјо млеко, симптомите можат да се активираат и од овчо и козјо млеко.

koja-e-razlikata-pomegju-alergija-na-mleko-i-netolerancija-na-laktoza-02.jpg

Кои се симптомите на алергија на млеко?

Симптомите можат да варираат од лице до лице. Најчесто се јавуваат од неколку минути, до неколку часа по консумирањето млеко или производи со млеко.

Симптомите кои се јавуваат речиси веднаш се:

  • Гадење
  • Чешање околу усните или во устата
  • Отекување на усните, јазикот или грлото
  • Кашлање и испрекинато дишење
  • Повраќање

Симптоми кои можат да се јават подоцна се:

  • Дијареја
  • Болки во стомакот
  • Течење на носот
  • Солзење на очите

koja-e-razlikata-pomegju-alergija-na-mleko-i-netolerancija-na-laktoza-03.jpg

Зошто се јавува алергијата на млеко?

„Виновниците“ за алергијата на млеко се два протеина кои се наоѓаат во самото млеко.

Може да се јави алергија на едниот или на двата протеина.

Едниот од нив е казеин кој сочинува околу 80% од протеините во млекото. Ова е и протеинот што му ја дава белата боја.

Вториот протеин е сурутка, која сочинува околу 20% од сите протеини во млекото.

koja-e-razlikata-pomegju-alergija-na-mleko-i-netolerancija-na-laktoza-04.jpg

Кога треба да одите на лекар и дали алергијата се лекува?

Ако забележите каков било симптом откако вашето дете ќе консумира млеко или продукт со млеко, веднаш одете на лекар.

Добрите вести се дека повеќето деца со текот на времето ја надминуваат алергијата. Дотогаш единствениот лек е избегнувањето млеко и млечни производи.

За жал, во некои случаи алергијата останува за целиот живот, што значи целиот живот ќе треба да се избегнуваат млеко и продукти со млеко.

Некогаш алергијата на млеко може да се јави и кај возрасни, а засега експертите не ја знаат точната причина за ова.

koja-e-razlikata-pomegju-alergija-na-mleko-i-netolerancija-na-laktoza-05.jpg

На следната страница нешто повеќе за интолеранција на лактоза…



Би можело да ве интересира:

Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg