Кардио стриптиз!

kardio-striptiz-povekjeВи здодеа обичното вежбање? Сакате нешто ново и забавно? Можеби ова „нешто“ е токму за Вас! За кој тип на кардиоваскуларно вежбање се потребни чевли со...

 

...високи потпетици? Одговорот е: за кардио стриптиз! Нема ништо „пожешко“ од најжешкиот тренд во фитнесот. Наместо традиционалните вежби, жените ги претпочитаат танцувањето на „шипка“ и стриптизот како начини за трошење калории.

Се започнува во Холивуд со „С Фактор“ - вежбите на актерката Шила Кели и фитнес видеото на Кармен Електра наречено „Аеробик Стриптиз“. Понатаму, Тери Хатчер, Кристина Агилера, Париз Хилтон, Кристина Еплгејт, Луси Лу, Џенифер Лов Хјуит и многу други изјавуваа дека се воодушевени од постигнатите резултати.

За што точно се работи?

Уште кога ќе го прочитате насловот сфаќате дека не се работи за конвенционален тренинг кој се практикува во kardio-striptizлокалниот фитнес клуб. Кардио стриптизот е нов вид на вежбање - комбинација на класичен аеробик, стречинг, боди шејпинг, стриптиз и танцување.

Вежбите, проследени со музика, ги затегнуваат стомакот и задникот, ги зајакнуваат мускулите на рацете и нозете, одлично влијаат и на циркулацијата и на работата на срцето.

Спорите и сензуални движењата на кардио стриптизот досега се покажаа како најдобариот начин за оформување на посакуваните женствени облини. И патем, нема оптеретување врз критичните делови од телото (колена, зглобови, глуждови).

Но, се чини дека трошењето калории и јакнењето на мускулите не се единствените нешта што ги привлекува жените кај овој вид на фитнес.

Тие, покрај тоа што вежбаат за да бидат во форма, вежбаат и да бидат секси. Вежбите се изведуваат со заводлива насмевка и со единствен став: „Јас сум секси“, што пак ги зголемува самодовербата и сексипилот. И се разбира, сето тоа го подобрува и целокупното расположение.

Оттаму, појавувањето на ваков тренд и не е толку чудно како што се чини. Жените секогаш ќе посакуваат да изгледаат и да се чувствуваат подобро, поубаво, повитко и посекси. Дури и ако кардио стриптизот и играњето на шипка излезат од мода, сепак и понатаму ќе сакаат да танцуваат и да бидат секси.

 

Значи, сега можете да трошите калории и без да мислите на трошењето калории. Можете да вежбате боси или со омилените високи потпетици, во тренерки или пак во секси облека.

Ние сме за! А вие?

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Која е главната причина за повеќето емоционални проблеми во животот? Причината за повеќето психолошки и емоционални проблеми е траума. Заглавеност во...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg