Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат

„Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка устата. Кога отидов на лекар, ми дијагностицираа рак кој со месеци растел во мускулите на јазикот…“

lugje-koi-imale-rak-otkrivaat-koi-simptomi-gi-naterale-da-se-proverat-01.jpg

Ракот се нарекува еден од најголемите убијци на 21-ви век, а неретко причината за високата стапка на смртност е тоа што се забележува премногу доцна.

Иако секој вид рак предизвикува одредени симптоми, некогаш болеста е и премногу суптилна, сè додека не е предоцна.

А, кога ќе ги слушнете приказните на луѓе кои преживеале рак, ќе сфатите дека голем дел од нив имале и симптоми кои воопшто не би ги поврзале со болеста.

На форумот Quora, некој го постави прашањето: „Ако сте имале рак, кој бил првиот симптом што ве натера да одите на лекар?“

Дел од одговорите во продолжение:

„Имав мал чир на устата. Не ме ни болеше, но мојата мачка почна да се однесува чудно – ми ја душкаше устата, ми ја допираше брадата со главата… Отидов кај матичниот лекар и по три недели бев дијагностициран со карцином.

За жал, ракот со месеци растел во мускулите на мојот јазик. Имав некои чудни симптоми тој период, но ништо што ме натера да помислам на рак…

Сум слушал приказни дека животните можат да забележат рак и други болести, но не верував во тоа сè досега“.

„Мајка ми ми подари блуза, па додека ја пробував, забележа црна бенка на мојот грбот со неправилна форма. Ја имав забележано и јас, но ја игнорирав.

Мајка ми ми нареди веднаш да одам на дерматолог. И отидов. Лекарот веднаш ја отстрани, а кога ги добив резултатите од тестирањето, се покажа дека е малиген меланом“.

lugje-koi-imale-rak-otkrivaat-koi-simptomi-gi-naterale-da-se-proverat-02.jpg

„Имав рак на панкреасот. Забележав дека секојпат кога јадам, веднаш ми се одеше во тоалет. Навистина не обрнував внимание на ова.

Кога отидов во болница, ми кажаа дека имам отечен панкреас и крвавење на хранопроводот. Другите тестови покажаа дека сум имал рак во трет стадиум. Ми требаа четири години, но сега сум излекуван“.

„Не јас, туку мојот сопруг. Забележав дека здивот почнува да му мириса многу лошо. Инсистирав да оди на заболекар, но тој не откри никаков проблем.

Ми беше тешко да го натерам да оди на општ лекар само поради лошиот здив, но сепак отиде. Лекарот му направи некои тестови кои се рутински за мажи на негова возраст. К

ога ги доби резултатите, му направија биопсија на простата. И, се покажа дека има рак на простата. По операцијата, здивот му се врати во нормала“.

„Имав потреба да грицкам мраз. Ова беше нешто ново за мене. Лекарот ми рече дека можеби имам анемија, па ми направи крвна слика. И, имав анемија.

Лекарот сакаше да дознае и од што е предизвикана, па предложи да ми направи колоноскопија. Не бев најсреќен, ама прифатив.

Резултатите покажаа дека имам ректален рак. Одев на зрачење, хемотерапија, ми направија три операции… И, преживеав!“

lugje-koi-imale-rak-otkrivaat-koi-simptomi-gi-naterale-da-se-proverat-03.jpg

„Најпрвиот симптом што го почувствував беше болка во долниот дел од стомакот. Се појавуваше и прекинуваше и се убедив дека не е ништо сериозно. Но, како да знаев дека нешто не е во ред.

Ова траеше неколку години, а потоа почнав да слабеам нагло. Мислев дека е поради честото вежбање и почнав да јадам повеќе. Намалив со вежбањето, но сепак ослабев многу.

И, еднаш, додека лежев на грб, забележав оток на долниот дел од стомакот. Отидов на лекар бидејќи се исплашив. Открија голем тумор на мојот десен јајник. Патувањето беше долго и по пет години ми кажаа дека сум излекувана“.

„Еден ден почувствував остра болка во левата дојка. Никогаш претходно не сум почувствувала нешто слично. Но, болката ме натера да одам на лекар.

Накратко, открив дека имам рак на дојката. Ми направија операција, примав хемотерапија, инјекции… Се вратив на работа по девет месеци и се надевам дека сè ќе биде во ред“.

lugje-koi-imale-rak-otkrivaat-koi-simptomi-gi-naterale-da-se-proverat-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg