Грицкајте без грижа на совест

Доколку сакате да изгубите неколку килограми, но и доколку сакате да ја задржите својата тежина, додека сте на работа избегнувајте да јадете сѐ што ќе најдете.

grickajte-bez-griza-na-sovest-01

Одберете некои закуски кои ќе ви ја вратат потребната енергија и концентрација, а нема да бидат калорични и штетни.

Постојат такви произвди кои слободно може да ги јадете без грижа на совест:

Свежо овошје

Не можете да згрешите со свежото овошје, а и не треба време за подготовка. Само купете јаболко, портокал, праска, ставете ги во торба и кога ќе огладнете ќе ви бидат на дофат.

Зеленчук

Носете си кутија со исечкан зеленчук. Малку морков, целер, краставица...Каква било салата која ја сакате ќе ви се најде за да ве засити.

Здрави крекери

Интегралните грицкалки се многу подобри за организмот од чипсот и слатките. Крекерите од интегрално брашно или сувото овошје се одлична закуска кога сте гладни или ако ви треба енергија.

grickajte-bez-griza-na-sovest-1

Јогурт

Немасниот јогурт не ве здебелува, а освежува. Може да го пиете и само него, а може да го додадете во чинија со житарки или овошје.

Пуканки

Доколку јадете од оние кои немаат масло и немаат некој посебен вкус, може да им додадете многу малку сол и тоа да биде супер закуска која ќе ве засити.

Житарки

Една шолја житарки со нискокалорично млеко е добра идеја за вашиот појадок. Ако ги јадете како појадок, може да ве држат и до ручек, па да немате потреба од дополнителни закуски.

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg