10 добри причини за полна чинија цреши

Пролетта пристигна, што значи дека сега ќе можете неограничено да уживате во дивиот вкус на црешите и нивните бројни позитивни влијанија.

10-dobri-cinii-za-polna-cinija-cresi-01

Освен свежи, црешите се здрави и како додаток во колачите и слатките десерти.

А, овие 10 причини ќе ве натераат уште денес да посегнете по чинија полна цреши:

1. Го подигнуваат нивото на енергија

Со консумирањето на цреши на природен начин ја враќате енергијата во телото. Природните шеќери во нив ви го подобруваат расположението, па затоа доволни ви се само 10-тина цреши за да се чувствувате посреќно.

2. Ви помагаат полесно да спиете

Ако имате проблем со непреспани ноќи, секојдневно консумирајте по неколку цреши. Тие содржат мелатонин кој им помага на луѓето кои страдаат од несоница.

3. Добри се за видот и кожата

Богати се со витамин А кој го подобрува видот, а ретинолот кој е составен дел од овој витамин и помага на кожата да изгледа здраво и свежо.

4. Го спречуваат ракот

Дали знаевте дека со редовно консумирање цреши може да се изборите со одреден тип на рак? Антиоксидансите кои се нивна главна состојка ги намалуваат шансите за брзо стареење на телото.

5. Го подобруваат варењето

Заради големата количина на влакна, црешите го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

10-dobri-cinii-za-polna-cinija-cresi-02

6. Ја намалуваат болката

Црешите се одличен извор на антоцианин кој ги намалува болките и отоците, а покрај тоа и ги ублажува симптомите на артритисот.

7. Ги спречуваат грчевите во мускулите

Иако бананите имаат многу повеќе калиум од црешите, оние кои не го сакаат ова јужно овошје, лесно можат да го заменат со чинија полна цреши. Тие делуваат благотворно на грчевите во мускулите, но и ја намалуваат болката при менструалниот циклус.

8. Ги подобруваат функциите на мозокот

Ако чувствувате дека сè почесто сте заборавени, црешите може да ви помогнат да си ја вратите концентрацијата.

9. Добри се за срцето

Со консумирањето на цреши барем еднаш во денот го намалувате ризикот од срцеви болести, па затоа јадете ги колку повеќе можете.

10. Имаат антивоспалително дејство

Едно од најважните својства на црешите е токму антивоспалителното. Затоа, препорачливи се за сите спортисти и повозрасните лица кои страдаат од болки во телото.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg