Не посегнувајтеајте веднаш по таблети, излечете ја главоболката по природен пат

Неподносливите главоболки многумина ги лекуваат со еден куп разни антибиотици и таблети за спречување на болка. Луѓето сметаат дека ги препознаваат сите симптоми за болестите и повеќе не одат на доктор, туку самите си го дијагностицираат проблемот и точно знаат која таблета да ја голтнат со чаша вода, што најчесто не е најдобро решение.

ne-posegajte-vednas-po-tableti-izlecete-ja-glavobolkata-po-priroden-pat-1

Зошто да пиете таблети со кои си го уништувате здравјето и организмот, кога болките можете да ги излечите по природен пат?

Оставете ги накратко сите медикаменти и пробајте некои од овие начини за спречување на мигрената и силните главоболки:

Компири

Доколку имате силна главоболка, послужете се со стариот рецепт на нашите баби, а тоа е компирот. Исечкајте го компирот на пола и со него тријте и масирајте се во пределот кај слепоочницата или пак исечкајте кругови и поставете ги на главата, а одозгора врзете некоја марама. Штом компирот се исуши, главоболката би требало да престане.

Вода

Главен причинител за главоболката е дехидрацијата. Особено во летниот период вашите главоболки може да бидат сè позачестени, но тоа не треба да ве плаши бидејќи на вашиот организам му се потребни само неколку чаши вода. Пијте редовно вода и во поголемо количество секојпат кога ќе почувствувате главоболка.

Јаболко

Како лек против главоболката се користи и јаболкото. Изедете едно јаболко, но немојте да го сечкате или лупите, туку гризете го за поголема ефикасност.

Супа

За болка во синусите се препорачува да се јаде супа со додатоци како рузмарин, бибер, лимон и да се консумира што е можно потопла.

Зелка

Скинете еден лист од зелката и држете го на вашето чело извесно време. Сокот кој го испушта зелката помага во смирување на болките во главата.

Бадем

Јадењето бадеми не само што ја смирува главоболката туку и ја спречува нејзината појава. Затоа најдобро би било да јадете 10-12 бадеми дневно за да се заштитите од можни главоболки.

Лук

На лукот му се потребни 15 минути да ја излечи главоболката. Исечкајте го или истолчете го на ситни парчиња и ставете го во некое крпче или марама на тој начин што лукот директно ќе биде во допир со вашата слепоочница.

Кантарион

Главоболката која е предизвикана од стрес, прекумерна грижа и секојдневни проблеми може успешно да биде излекувана со чај од кантарион. За да го подготвите овој чај потребна ви е една мала лажичка кантарион која ќе ја прелиете со вриена вода. Оставете го така десетина минути, а потоа исцедете и пијте голтка по голтка во текот на целиот ден.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
10-те најчести причини за главоболка Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
За првпат по 50 години ја има и во Италија – Како да се заштитите од колера? Се смета дека во модерните земји е целосно искоренета, но сепак по 50 години во ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg