Стапалата се огледало на здравјето: Промени кои укажуваат на сериозни болести

Првите знаци за некои болести може да се појават токму на стапалата, затоа треба да се обрнува  многу поголемо внимание и да им се посветува голема нега.

stapalata-se-ogledalo-na-zdravjeto-promeni-koi-ukazuvaat-na-seriozni-bolesti-01

Некои знаци и симптоми кои ги покажуваат не треба да ги занемарите, туку веднаш да ги испитате и да посетите лекар кој дополнително ќе ги образложи причините или ќе ги спречи болестите.

Ладни стапала

Хронично ладните стапала може да бидат последица на лошата циркулација, затоа што во екстремитетите не доаѓа доволно крв. Тој проблем дополнително го засилува високиот притисок, неправилната функција на штитната жлезда, срцевите заболувања и пушењето кои ја намалуваат способноста на белите дробови да апсорбираат кислород. Затоа оние кои имаат проблем со студените стапала, потребно е да посетат лекар за да ги исклучат сомнежите за посериозни болести.

Чешање

Најчесто се поврзува со атлетските стапала, инфекции кои се последица на лошата хигиена, целодневното носење на затворени обувки и зголеменото потење. Освен тоа, чешањето може да предизвика и алергиска реакција.

Дамки на стапалата

Темните дамки на стапалата може да предизвикаат Рејнова болест. Таа предизвикува грчење, намален проток на крвта и модра боја на кожата, а поттикната е од стрес и студенило. Болеста е честа кај младите жени. Во ретки случаи, Рејновата болест може да биде знак за ревматичен артритис или лупус.

Промена на обликот на прстите

Ако ноктите станат заоблени и прстите го променат обликот, најдобро е да ги проверите белите дробови и срцето. Таквите ненадејни промени упатуваат на намалениот доток на кислород во крвта, а покрај проблемите со дишењето и срцето, може да бидат и симптоми за Хроновата болест.

stapalata-se-ogledalo-na-zdravjeto-promeni-koi-ukazuvaat-na-seriozni-bolesti-1

Отечени  стапала

Ова е привремена појава која се јавува по подолго стоење, одење или носење неудобни чевли. Но, ако нозете постојано ви отекуваат тоа може да биде последица на неправилна работа на бубрезитр или срцето, но и реакција на некои лекови за дијабетичари или за висок притисок. Исто така, отечените нозе може да предизвикаат и ревматски артритис и остеопороза. Ако отокот не спласне, подобро е да посетите лекар.

Печење на стапалата

Пецкањето во стапалата често се јавува кај дијабетичарите поради оштетените периферни нерви, а може да биде и последица на кардиоваскуларните пореметувања на периферните артериски болести. Чувството на печење исто така може да предизвика замор и атлетско стапало.

Болка во палецот

Болката во ножниот палец може да биде симптом за некој облик на артритис, а тоа може да предизвика превисоко ниво на мочните киселини. Ревматичниот артритисот е уште еден виновник кој предизвикува силна болка во палецот, па ако болката не престанува се препорачува посета на лекар.

Жолти нокти

Инфекциите не се виновни само за чешањето, туку често на тоа укажуваат и жолтиот слој на ноктите, како и задебелените нокти. Дебелите и жолти нокти може да упатуваат и на некои други болести, како проблемите со работата на лимфните жлезди или на ревматичниот артритис.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg