Како да препознаете и одберете квалитетен препарат за сончање?

Полиците во продавниците се преполни со различни препарати за заштита од сончевите зраци. Млеката за сончање доаѓаат во различни форми и облици, но дали знаете како да го одберете најдобриот производ?

kako-da-odberete-dobar-preparat-za-soncanje-1

Пред да го купите производот, мора да знаете кои состојки треба да ги избегнувате, а кои од нив препаратот мора да ги поседува.

Заштитете се во текот на летниот период и препознајте квалитетен препарат:

Фактор поголем од 50 е бескорисен

Кремите и спреовите за сончање главно ве штитат од УВБ зраците. Самиот СПФ се однесува на УВБ зраците, но не и на УВА зраците кои продираат директно под кожата и го забрзуваат процесот на стареење. Стручњаците уверуваат дека производителите создаваат заштитни препарати со фактор над 50 сѐ со цел да создадат чувство на сигурност кај купувачите. Млеко за сончање со фактор 50 исто толку ќе ве заштити како и останатите со 50+ фактор.

Кремите со ретинoл пламитат се штетни

Ретинoл пламитат е еден вид на витамин А кој се додава во кремите сѐ со цел да се забави стареењето на кожата. Но нанесувајќи го на кожа изложена директно на сончевите зраци, оваа состојка има спротивен ефект, односно го забрзува стареењето. Важно е да ја читате декларацијата, бидејќи 30% од кремите го содржат овој вид на витамин.

Наместо спреј одберете крема

Иако полесно се нанесува, текстурата во спрејот е поретка. Секогаш е подобро да користите крема за заштита од сонце, бидејќи никогаш нема да пропуштите некој дел од кожата, како што е тоа можно со спрејот.

Избегнувајте комбинирани средства

Препарат за заштита од сонце кој содржи состојки за заштита од инсекти, не е добра идеја. Најпрво треба да знаете дека инсектите не напаѓаат во времето кога се изложуваме на сонце, туку во ноќните часови. Освен тоа, потребно е да нанесувате УВ заштита неколку пати во текот, а доколку претерате со ваквите комбинирани средства може да се затруете.

Заборавете на маслата за брзо потемнување

Овие производи никогаш не биле добар избор и никогаш нема да бидат. Дури и ако содржат СПФ фактор сепак не можат да ви овозможат доволно добра заштита како кремите за сончање. Најдобро е воопшто да не користите препарати со фактор понизок од 15, ниту пак оние кои немаат заштита од УВА зрачењето.

Избегнувајте оксибензон

Улогата на оваа состојка е да ги апсорбира ултравиолетовите зраци и околу 56% од кремите на американскиот пазар содржат оксибензон. Бројни истражувања покажале дека оваа состојка влијае лошо врз производството на хормони во телото, а го зголемува и ризикот од рак. Затоа во ниеден случај не купувајте производ кој во својот состав содржи оксибензон. 

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg