Која е причината за вашиот замор?

Ако цело време се чувствувате како зомби и хронично ви недостига енергија и сила за живот, тогаш време е да дознаете каде грешите.

koja-e-pricinata-za-vasiot-umor-1

Доколку се чувствувате како да се провлекувате низ деновите, како да сте работеле 5 години без одмор, немојте ни да се обидувате да ги обвините обврските за вашиот умор.

Можеби вашиот распоред е пренатрупан, но за уморот се виновни вашите навики.

1. Количина на сон

Чувството на умор е предизвикано од количината на сон и часовите поминати во спиење. Тоа не значи дека ако спиете 10 и повеќе часа нема да чувствувате умор, напротив ќе се случи спротивното. На луѓето во просек им се потребни од 6-8 часа сон за да се одморат и да можат нормално да функционираат. Ако спиете помалку од просечното, вашето тело е цело време под притисок од секојдневниот стрес. Дури и ако имате обврски на кој не им се гледа крајот, сепак не смеете заради тоа да го жртвувате сонот.

Ако сте личност на која омилена активност и е спиењето исто му наштетувате на телото, како и при недоволен сон. Преголемите количества на сон доведуваат до чувство на неприроден умор, а последицата од тоа е желбата за повеќе сон.

2. Прехрана

Храната која ја консумирате не е важна само за вашето здравје и килограмите, туку заради неа може да се чувствувате уморни, односно одморени. Ако јадете нездрава храна, преполна со шеќери, уморот ќе го чувствувате цело време заради осцилација на разните шеќери во крвта.

Пробајте да консумирате здрави намирници, кои ќе ви дадат енергија и свежина во текот на целиот ден.

3. Недостаток на физичка активност

Можеби не сте личност која го сака спортот и физичките активности, но факт е дека ќе се чувствувате уморни цело време доколку воопшто не вежбате. Луѓето кои редовно вежбаат се чувствуваат одморени, за разлика од оние кои денот им поминува во излежување на каучот.

Доволно е да правите било која физичка активност 4 пати неделно во времетраење од 40 минути. Кога вежбањето ќе ви стане навика, покачувајте го интензитетот на вежбите.

koja-e-pricinata-za-vasiot-umor-4

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg