11 совети за здрава вагина: Редовните прегледи се задолжителни, а измивањето забрането

Кондомите одржуваат добра pH вредност на вагиналната флора, па треба почесто да ги користите, додека преминот од анален на вагинален секс не е воопшто препорачлив, бидејќи тогаш во вагината се внесуваат бактерии кои предизвикуваат инфекции.

11-soveti-za-zdrava-vagina-pijte-jogurt-i-ne-ja-plaknete-vaginata-se-cisti-sama-01

Можеби сте убедени дека знаете сè за одржувањето на женската интима, сепак можно е да грешите.

Од плакнење до избегнување на годишниот преглед, постојат многу заблуди за тоа што треба да правите кога вашата вагина била здрава.

Обрнете внимание на овие 11 работи кои може да ве натераат да сфатите во што грешите и што треба да направите за да имате здраво генитално подрачје.

1. Употреба на кондомот

Сите знаеме дека кондомите штитат од полово преносливи болести и несакана бременост, но една студија дошла до сознание дека користењето кондом одржува одлично ниво на pH вредност во вагината кога станува збор за опстојувањето на добрите бактерии. Тоа е многу важно затоа што овие бактерии помагаат во превенција од инфекции на јајниците и бактериските вагинози.

2. Одберете памучна долна облека

Кога станува збор за долната облека, верувајте дека вашата вагина преферира памук, бидејќи само овој материјал му овозможува на интимниот предел да дише и да ја апсорбира влажноста. Препорачливо е кога сте дома да носите малку поширока и удобна облека за и тој дел од телото да има воздух.

3. Кегелови вежби

Практикувањето на овие вежби е клучно за зајакнување на мускулите и ѕидовите на карлицата кои се најважни за оргазмот и контролата на бешиката.

4. Јогурт

Доколку пиете пијалак кој го подигнува нивото на добри бактерии, како јогуртот, може да спречите многу вагинални проблеми, како инфекција на јајниците. Бидете внимателни, немојте да го пиете оној кој содржи шеќер бидејќи може да ве направи подложни на некои инфекции.

5. Годишен преглед

Иако немате симптоми на инфекции или не сте трудни, сеедно, одете на гинеколошки преглед минимум еднаш годишно. Освен што можете да добиете стручни совети за вашето сексуално здравје, исто така може да добиете информации во врска со сексуалното здравје, така може на време да откриете и малигните и бенигните промени на репродуктивните органи кои не даваат симптоми, но лечете се на време.

11-soveti-za-zdrava-vagina-redovnite-pregledi-se-zadolzitelni-a-izmivanjeto-zabraneto.jpg

6. Користете лубриканти

Предиграта почнала, а вашата вагина тоа не го сфаќа? Не се грижете, вагиналната сувост е потполно нормална, а се случува поради користењето лекови како антихистаминам антидепресиви или контрацептивни пилули, а некогаш и поради стрес. Може да се јавите и по зачнувањето и пред менопауза. Кога  тоа ќе се случи, немојте насилно да имате секс, дури ни ако е партнерот бавен и внимателен, туку употребете лубрикант и уживајте.

7. Не ја измивајте вагината

Мислите дека ви е потребно нешто дополнително за вагината да ви биде чиста? Во заблуда сте. Вагината се чисти сама. Покрај тоа, користењето производи за чистење на вагината однатре го зголемува ризикот од инфекции, воспаление на карлицата и полово преносливи болести.

8. Внимавајте кога возите велосипед

Едно од неочекуваните места каде се изложувате на ризик во однос на здравјето на вагината  е возењето велосипед. Доколку  тоа го правите често, спаѓате во ризичната група за болка и непријатно пецкање во гениталното подрачје. За да го спречите тоа, носете шорцеви кои имаат постава и одберете велосипед со обложено седиште за да ги избегнете болните симптоми.

9. Внимателно со антибиотиците

Уште една закана за добрите бактерии во вашиот генитален регион се антибиотиците, бидејќи освен вирусите ги убиваат и бактериите кои ја одржуваат вагината здрава. Ако ви е потребен антибиотик за да се изборите со инфекцијата, употребувајте го исклучиво според упатството и пијте јогурт кој ќе се врати нивото на бактерии во нормала.

10. Правилен распоред на сексот

Немојте да преминувате од анален на вагинален секс без промена на кондомот или правилно чистење, бидејќи тоа ја чисти вагината од цела серија бактерии и го подигнува ризикот од инфекции.

11. Внимателно со сапунот

Измиеното тело е неверојатно чувство, но тоа не важи за гениталното подрачје, бидејќи сапунот и купката може да ја исуши и онака чувствителната кожа. Единствено средство кое вам навистина ви е потребно за чистење на гениталии е топла вода. Ако баш не можете да користите сапун, одберете некои благи и без дополнителни мириси.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg