Што да јадете кога ве боли грло?

Ако имате воспаление на грлото и силни болки заради кои ништо не ви се јаде, одберете некој од следниве плодови за полесно заздравување...

sto-da-jadete-koga-ve-boli-grlo-01.jpg

Топлите пијалаци не се единственото нешто што треба да го консумирате кога сте болни.

Пробајте ја и оваа храна која значително ќе ви ја подобри состојбата:

Банани - Меко овошје кое поволно делува на вашето грло. Лесно се голта и вари, не предизвикува болки, а покрај тоа е богато со витамин Ц, Б6 и калиум.

Пилешка супа - Ова е традиционален лек против болките во грлото, затоа што е богат со здрави намирници како морков, кромид, целер и голем број на зеленчуци кои се познати по своите лековити својства.

Мешавина на лимон и мед - Ова е одличен лек кој може да ги замени купечките таблети за лижење, а воедно и да ве заслади без да го надразните грлото.

Кајгана - Јајцата се богати со протеини и можат да помогнат при болката во грлото. Меѓутоа, никако не додавајте многу сол и зачини, како не би ја влошиле состојбата.

Овесна каша - Ова јадење содржи влакна, го намалува нивото на холестерол, богато е со со протеини, па затоа е одличен избор кога сте настинати. Збогатете ја кашата со мед или банани и почувствувајте моментално подобрување.

Тестенини од цело зрно - Овие житарки се богати со влакна, железо, цинк, Б и Е витамини. Додајте некој лесен прелив од павлака и уживајте додека заздравувате.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg