Како старее вагината во текот на годините?

Како што одминуваат годините, телото се менува . Лицето добива брчки, вратот се опушта, градите се спуштаат, а косата побелува. Затоа не би требало да ве чуди ако нешто слично се случува и со вашата вагина.

kako-staree-vaginata-vo-tekot-na-godinite-01

На 20 години

- Се намалува

Пубертетот е завршен, сите ваши органи се пораснати колку што можеле да пораснат. Сè освен надворешните вагинални усни, кои во периодот на пубертетот почнуваат да се смалуваат. Не се изненадувајте ако изгледаат потенко, тоа е сосем нормално. Поткожното масно ткиво со годините се намалува, па ова е посебен природен процес.


На 30 години

- Темни сенки

Хормоналните промени кои настануваат за време на бременоста или со текот на годините, може да доведат до тоа внатрешните усни да станат потемни. Затоа, нема потреба да се грижите ако забележите дека ви добиваат различни нијанса на сива боја.

- Големо растегнување

Следниот голем чекор во животот на секоја жена и на нејзината вагина е бременоста. Поточно, за  самата вагина многу е значаен чинот на породувањето. Матката се шири до големина на лубеница за време на бременоста, па се враќа во првобитната состојба, шест недели по породувањето. Ова е  голема промена и често остава последици на вагината. Но, со текот на времето и со правилни вежби, се враќа сè на свое место.


На 40 години

- Се намалува месечниот циклус

Иако бројот на јајце клетки брзо се смалува, менструацијата и понатаму е присутна. Меѓутоа со текот на времето трае сè пократко додека во еден момент целосно не престане. Ова е период кога организмот се подготвува за менопауза.

- Сè се опушта

Со текот на годините, покрај вишокот килограм, стареењето или интензивното вежбање, мускулите се опуштаат и за овој период  може да почувствувате чувство на тежина во долниот дел, како и неконтролирано мокрење. Решението за тоа се кегеловите вежби.

- Сè е посуво

Помалото ниво на естроген влијае на основната кисела рамнотежа во вагината, што може да доведе до различни воспаленија. Како резултат на сето тоа доаѓа до чувството на сувост. Убавата вест е дека редовниот секс може да го спречи ова.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg