Што се менструалните грчеви и како да се ослободите од нив?

Дисменореа е медицинскиот термин за болните менструални грчеви кои настануваат во стомакот и карличниот предел непосредно пред или за време на циклусот.

sto-se-menstrualnite-grcevi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-01.jpg

Примарни карактеристики

Обично се јавуваат кај адолесцентите, кои болката ја чувствуваат во долниот дел на стомакот или грбот, а може да биде неподносливо силна.

Грчевите може да почнат помеѓу 6 месеци и 2-3 години од првиот циклус, а откако еднаш ќе се појават обично траат од 1 до 3 дена.

Зависно од годините на жената, интензитетот на грчевите се намалува или потполно престанува. Кај поголемиот дел тие исчезнуваат по породувањето.

Болката не е предизвикана од било каква болест или абнормалност во матката.


Секундарни карактеристики

Многу чести кај жените во 20-те и 30-те години, кај кои болката започнува во долниот дел од стомакот и може да се прошири до нозете.

Болката обично почнува на почетокот на менструалниот циклус и трае повеќе од 3 дена.

Не секогаш се работи за константна болка, туку грчевите може да се појават повремено, во облик на остра или тапа болка во стомакот.

sto-se-menstrualnite-grcevi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-2.jpg

Како да се ослободите од менструалните грчеви?

Најчест метод за ослободување од болките е земање на аналгетик. За инстант олеснување да, но не е препорачливо доколку сакате да го решите проблемот долготрајно.

Овие домашни лекови секогаш може да бидат одлична алтернатива:

1. Здрава исхрана - Исхраната богата со арахидонска киселина може да ги појача грчевите, затоа избегнувајте многу млечни производи, заситени масти и храна од животинско потекло. Наместо тоа внесете намирници како лосос, туна, скуша. Калциумот, магнезиумот и поголемото количество на вода во телото исто така се од голема помош.

2. Вежби - Бидете активни пред почетокот на менструацијата. Лесните вежби ќе ги олеснат грчевите. Брзо одете, трчајте на лента, возете велосипед по 30 минути дневно се од голема помош.

3. Топли облоги - Наполнете едно шише со топла вода и ставете го на местото каде болката е најсилна. Топлите облоги ги опуштаат мускулите и ги олеснуваат грчевите.

4. Топла купка - Наполнете ја кадата со топла вода и ставете малку морска сол и сода бикарбона. Останете во вода најмалку 20 минути.

5. Користете ѓумбир и босилек - Исечете парче ѓумбир, додајте го во зовриена вода и оставете го да отстои неколку минуди. Добиениот чај пијте го 3 пати на ден, по можност по јадење. Исто така можете да направите чај од зовриена вода и неколку ливчиња босилек. Од овој чај пијте по 1 шолја на секој час.

6. Додајте цимет - Доволна е само половина лажичка цимет во шолја млеко. Млекото пијте го наутро или пред спиење. Циметот има антивоспалително дејство кое ги олеснува болките.

7. Мешан сон - Комбинирајте 1 краставица, репка, морков и магдонос и измиксирајте ги во вид на сок. За најдобри резултати, консумирајте го 2-3 дена пред почетокот на циклусот.

8. Повеќе билни чаеви и вода - Во текот на денот консумирајте голема количина на вода, чај од ѓумбир, оригано, малини...

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg