Внимавајте: 5 појави на ноктите укажуваат на болести

Бојата, обликот, дебелината ... сето тоа се својства на ноктите кои може да ви укажат на многу здравствени проблеми.

vnimavajte-5-pojavi-na-noktite-ukazuvaat-na-bolesti-001

Тие може да бидат предупредување за некои сериозни здравствени тегоби. Бојата, неправилноста, дамките, дебелината на ноктите може да се предупредување за некои внатрешни проблеми.

1. Бојата на ноктите

Здравите нокти треба да бидат розево-бели со бела полумесечина на коренот на ноктот. Зелените нокти се знак за бактериска инфекција. Црвените линии на ноктите се знак за проблем со срцето. Посинетите нокти покажуваат дека ви фали кислород во крвта. Безживотните нокти се знак за недостаток на витамини. Белите нокти ве предупредуваат дека можеби имате проблем со црниот дроб,  а темните дамки на врвот на ноктите се знак за стареење.


2. Дебели нокти

Дебелите нокти не се природни, ниту вообичаени. Ако ноктите значително ви се здебелат тоа може да биде поврзано со проблеми на белите дробови. Дебелите нокти со бразди може да значат габична инфекција, а раздвоениот нокт, напукнат на средината може да значи проблем со штитната жлезда. Необично дебелите нокти се резултат на лошата циркулација.


3. Испукани нокти

Разлистени нокти и редовно пукање е резултат на недостаток на фолна киселина, витамин Ц и протеини. Псоријазата како појава во 10 отсто од случаите почнува во ноктите и во коренот имаат бели дамки. Разлистените нокти понекогаш се поврзуваат и со хронично потхранување.


4. Жилести нокти

Ако ви се извиткани ноктите кон надвор и создаваат облик кој потсетува на лажица и со тоа се уште потенки, тоа може да биде знак за недостаток на железо или премногу железо или некоја срцева болест.


5. Бразди на ноктите

Оваа непријатна појава означува псоријаза или болест која предизвикува опаѓање на косата.

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg