10 лоши навики кои го загрозуваат вашето ментално здравје

Депресијата најчесто се јавува како последица на некои фактори, кои се надвор од нашата контрола, а такви можат да бидат раскинувањето долга врска, губењето на работа или финансиски проблеми.

10-najlosi-naviki-koi-go-zagrozuvaat-vaseto-mentalno-zdravje-1

Малите чекори и изборите кои секојдневно ги правиме, ризиците кои ги преземаме, влијаат врз нашето ментално здравје повеќе отколку што си мислиме.

Ова се 10те најчести навики кои го загрозуваат вашето ментално здравје:

1. Додека одите ги влечете нозете

Кога личноста е депресивна, тоа секогаш се рефлектира врз нејзиното одење. Ако забележите дека таквото пешачење веќе ви прераснало во навика, тогаш обрнете внимание на движењето на телото. Луѓето кои одат со свиткана глава, спуштени рамена и искривен грб, кај нив се создаваат секвенции од лоши мисли, емоции и негативни спомени.


2. Фотографирате сѐ што ќе видите

Фотографирањето негативно влијае врз вашето помнење од дадениот момент. Затоа тргнете го погледот од објективот и гледајте го светот, моментот или настанот со голо око.


3. Дозволувате луѓето да ви ја „исцедат” енергијата

Менталното злоупотребување воопшто не е ретка појава, без разлика дали станува збор за работа, факултет или училиште. Постојат луѓе кои од вас ја влечат целата енергија која имате, а подоцна вие се чувствувате како целиот свет да ви е срушен и не можете да го поправите расположението. Затоа, ставете се себеси на прво место, бидејќи никој не е повреден од вие самите.


4. Не се занимавате со никаква физичка активност

Научно е докажано дека луѓето кои се депресивни немаат никаква желба да се движат, а особено редовно да тренираат. Од друга страна пак, оние кои редовно се бават со некаква физичка активност имаат помал ризик од паѓање во депресија. Затоа почнете од денес да правите било каква физичка активност.


5. Одолговлекување

Пред себе имате задача која морате да ја завршите, но и самата помисла на тоа вас ве иритира. Тогаш донесувате одлука да ја одложите работата за подоцна, а не сте свесни дека со тоа ја продолжувате депресивната состојба во која сте паднале. Затоа засукајте ги ракавите и завршете ја работата, бидејќи само така ќе си направите да ви биде полесно.

10-inspirativni-citati-koi-treba-da-gi-procitate-posle-los-den-2

6. Се наоѓате во лоша емотивна врска

Многу луѓе се депресивни и нерасположени заради фактот што се наоѓаат во врска која не ги прави среќни, а истите можеби и воопшто не се свесни заради тоа. Секогаш е подобро да бидете сам, отколку со некој кој не ве исполнува.


7. Не спиете доволно

Сонот им е потребен на сите, а кога со денови не спиете доволно тоа автоматски се одразува на целиот организам, па така и на менталното здравје.


8. Немате секунда за себе

Покрај работата, учењето, децата, мажот, момчето, готвењето, чистењето вие не успевате да пронајдете ниту миг за себе. Тоа е целосно погрешно. Одвојте барем 1 час дневно за да се опуштите и да го правите буквално тоа што го сакате.


9. Не разговарате

Во денешно време, технологијата бележи толкав напредок , што сѐ можеме да направиме преку компјутерот. Но, запомнете: ниеден разговор преку скајп, фејсбук или вибер не може да го замени топлиот разговор со кафе и колачи.


10. Правите повеќе работи одеднаш

Разговарате на телефон, правите појадок, внимавате да не ви претече кафето... Секоја чест за вас, ретко кој може да издржи такво темпо секој ден. Морате да направите план и редослед до кој ќе се држите. Станете 15 минути порано и испијте си го кафето на мира, не седнувајте веднаш на компјутер и за промена гледајте малку низ прозорецот. 

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg