Постојано ги грицкате ноктите? Веројатно го имате овој проблем

Колку пати во денот несвесно се заигрувате со косата или ги грицкате ноктите додека нешто читате или гледате?

postojano-gi-grickate-noktite-verojatno-go-imate-ovoj-problem-01.jpg

Најновото истражување кое се занимаваше со ова компулсивно однесување покажува дека можеби сте перфекционисти.

Луѓето кои се нетрпеливи, лесно се нервираат или пак често пати им е здодевно, многу поголеми се шансите дека ќе посегнат по грицкање на ноктите.

Таквото однесување укажува на перфекционизам, карактерна особина која може да ви нанесе сериозна штета, гласи официјалниот резултат од истражувањето спроведено на универзитет во Монтреал.

- Веруваме дека луѓето кои грицкаат нокти се перфекционисти, односно дека не знаат да се опуштат и да ги извршат своите задачи со нормално темпо, вели психијатарот Кирон О Конор и додава дека токму заради тоа ваквите лица се склони кон фрустрации и се незадоволни со она што го постигнале.

Сепак, научниците тврдат дека ако повремено ги грицкате ноктите, а не постојано, тоа ви помага да ја исфрлите енергијата која не е продуктивно искористена.

Ако оваа навика почнува да влијае на дневниот живот, тогаш може да се категоризира како пореметување кое треба да се лечи, додаваат научниците и докторите.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg