Направете си домашен дезодоранс без штетни хемикалии

Разните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди..

napravete-si-domasen-dezodorans-bez-stetni-hemikalii-01.jpg

Иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта.

За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести.

Затоа, најдобро е сами да си направите домашен дезодоранс со одбрани состојки:

  • ½ шолја сода бикарбона
  • ½ шолја пченкарен скроб
  • ½ шолја кокосово масло
  • 20 капки етерично масло по избор

Тегличка за смесата, која е стерилизирана и сува.

Подготовка:

Помешајте ја сода бикарбоната и пченкарниот скроб во мал сад. Полека додавајте го стопеното кокосово масло, мешајќи додека смесата не стане погуста од паста, слична како лепило.

Додајте етерично масло по желба и добро промешајте. Ставете ја смесата во стерилизираната тегличка и оставете ја во фрижидер околу 1 час додека не се стврдне. Чувајте го домашниот дезодоранс на студено и суво место и нанесувајте секојдневно по малку под пазувите.

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Прашувам за пријателка: „Зошто вагината ми мириса чудно?“ „Ако вашата вагина одеднаш почне да мириса на риби, а притоа се промени изгледот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg