8 ситуации во кои не би требало да носите танга

Без оглед на тоа што тангите се најдобри пријатели на тесните фустани и бели панталони, постојат најмалку 8 ситуации во кои би требало да ги замените со обична, памучна долна облека.

8-situacii-vo-koi-ne-bi-trebalo-da-nosite-tanga-01.jpg

1. Одбирате танги од синтетички материјали

Кога ќе посегнете по танга гаќички од синтетички материјал, сметајте на тоа дека интимните делови се посебно несреќни. Синтетичките материјали многу лесно ја задржуваат влагата и не и дозволуваат на вагината да дише, заради што понатаму ќе се соочите со сериозни инфекции. Ако веќе мора да облечете танга гаќички, нека бидат памучни.


2. Цел ден носите облека за вежбање

Тесната облека како хеланките исто така го спречува циркулирањето на воздух. Ако на тоа додадете и танга, тогаш сте создале идеална средина за развој на бактерии. Затоа, кога вежбате или цел ден сте во тесни хеланки, носете памучни гакички и по потреба ставете во ранецот резервен пар.


3.Имате било каква инфекција

Ако случајно во моментов лечите некоја габична инфекција или бактерија, тогаш прва работа од која треба да се откажете се тангите.


4. Бремени сте

За време на бременоста, интимните делови се посебно чувствителни, па затоа и во овој случај најдобро е да се одлучите за памучна долна облека.

8-situacii-vo-koi-ne-bi-trebalo-da-nosite-tanga-02.jpg

5. Не ја одржувате хигиената редовно

Секојдневното измивање на вагината со pH неутрален сапун двојно ги намалува шансите за инфекции. Ако не го прави тоа, а секојдневно носите танга, тогаш очекувајте непријатни симптоми во секој момент.


6. Користите парфимирани гелови

Гинеколозите советуваат да се држите што подалеку од овие производи, но ако баш не можете без нив, тогаш најдобро би било да не ги комбинирате со танга гаќички.


7. Болни сте

Тоа значи дека имунолошкиот систем ви е нарушен, што го зголемува ризикот од инфекции.


8. Одите да бирате костим за капење

Обавезно облечете боксерки, затоа што само на тој начин ќе се заштитите од бактериите кои се наоѓаат на костимот на капење додека го пробувате. Со носењето на танга гаќички ризикувате да се вратите дома со нови бројни бактерии.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg