4 чекори како да се заштитите од Алцхајмеровата болест

Алцхајмеровата болест најчесто ги погодува повозрасните лица кои во младоста не се грижеле доволно за здравјето, вклучувајќи го и здравиот развој на мозокот.

4-cekori-kako-da-se-zastitite-od-alchajmerovata-bolest-01.jpg

За да доживеете здрава старост и да се заштитите од Алцхајмерот, обидете се да ги почитувате овие 4 чекори:

1. Вежбајте 3 часа неделно

Вежбањето е одлично за вашиот мозок и тоа долгорочно. Стручњаците и лекарите препорачуваат да вежбате барем 3 пати неделно по еден час, па дури и ако тоа се 3 часа прошетка. Тоа е сосема доволно за да го подмладите мозокот за 2 до 4 години.


2. Медитирајте по 10 минути дневно

Преголемото ниво на кортизол во телото делува негативно на мозокот. Само 10 минутна медитација е доволна за да направите чуда за вашиот мозок. Седете исправено, затворете ги очите и полека дишете. Тоа правете го 2 пати во денот по 5 минути.


3. Внесувајте омега 3 масни киселини секој ден

Стручњаците истакнуваат дека повеќето здрави личности внесуваат околу 1500mg омега 3 масни киселини дневно. Затоа, уште денес консумирајте повеќе ореви, мешунки, говедско месо, соја, ракчиња, малини, туна или јагоди.


4. Секој ден запомнете по нешто

Ако помните по барем една нова информација во денот, вашиот мозок подолго ќе остане млад и тоа е докажано. Луѓето кои секој ден паметат по некоја ситница имаат повисок процент на сива материја од останатите. Затоа, соочувајте го мозокот со предизвици кога и да имате шанса.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg