10 најчести грешки при користење на тампоните

Како се наближуваат топлите денови многу жени за време на месечниот циклус почесто користат тампони, наместо влошки.

10-najcesti-greski-pri-koristenje-na-tamponite-01

Тоа најчесто е поради лесната и тенка облека на која не се оцртуваат, можноста за влегување во вода доколку одите на одмор и разни други придобивки.

Но, при користењето тампони жените често знаат да направат и некои грешки кои може да им го загрозат здравјето.

1. Ги миете рацете само откако ќе го ставите тампонот

Рацете треба да ги миете и пред да го ставите тампонот за да спречите во вагината да ви навлезат несакани бактерии.


2. Не го ставате тампонот доволно длабоко

Како ќе знаете дека тампонот ви е доволно длабоко поставен? Така што воопшто нема да го чувствувате. Ако е ставен плитко, ќе ви пречи и ќе ви биде неудобно.


3. Користите само една големина на тампони

За деновите со посилна менструација користете поголеми тампони за подобро впивање, но штом ви се намали треба да користите и помал тампон кој послабо впива.

10-najcesti-greski-pri-koristenje-na-tamponite-1.jpg

4. Ретко го менувате тампонот

Дури и ако менструацијата ви е слаба, тампонот треба да го менувате на секои четири до пет часа. Така се спречува развојот на бактериите.


5. Користите тампон и кога имате само исцедок

Кон средината на циклусот да имате посилен исцедок е нормално, но за тоа не смеете да користите тампон бидејќи може да ја нарушите природната киселост на вагината што може да предизвика воспаление.


6. Носите тампон и ден пред и ден по менструалниот циклус

Ова го правите поради претпазливост, но користењето тампон во овие денови не се препорачува бидејќи вагината е сува.


7. Не го менувате тампонот по извршувањето нужда

Тампонот не мора да го менувате по секоја мала нужда, но после третата веќе е задолжително. По голема нужда секојпат менувајте го за да спречите навлегување на бактерии.

10-najcesti-greski-pri-koristenje-na-tamponite-3.jpg

8. Не го менувате тампонот по пливање во вода

Без оглед на тоа дали се капете во базен, река, езеро или море, тампонот би требало да го промените штом излезете од вода. Конецот на тампонот намокрен со хлор, сол или речна вода може да предизвика иритација на кожата.


9. Тампоните ги чувате на влажно место

Избегнувајте да ги чувате тампоните во близина на тушот за да не ги намокрите. Подобро чувајте ги во фиока или гардеробер на суво место.


10. Користите миризливи тампони

Ако имате чувствителна вагина избегнувајте користење миризливи тампони, бидејќи тие може да предизвикаат иритација и чешање.

10-najcesti-greski-pri-koristenje-na-tamponite-2.jpeg

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg