Јаболко на ден и поздрави оброци на трпезата

Оброкот пред одењето во продавница значајно влијае на купувањето намирници за наредната недела. Затоа одлучете се за здрав оброк.

jabolko-na-den-i-pozdravi-obroci-na-trpezata-01

На сите ни било кажано да одиме со празен стомак тогаш кога треба да пазариме намирници, но дали тоа е единствениот совет кој можеме да го добиеме?

Научниците од Универзитетот Корнел спровеле истражување во кое анализирале како оброкот кој го консумираме пред да излеземе на пазарење значајно ќе влијае на тоа по што ќе посегнеме во супермаркетот.

Од испитаниците, оние кои се одлучиле за колач пред излегувањето, при пазарењето биле посклони да одберат храна која е калорична и богата со јаглехидрати. За разлика од нив, оние кои се одлучиле за едно јаболко веднаш пред излегувањето дури 25% повеќе се одлучувале за здрави производи, овошје и зеленчук.

Двајцата научници спровеле три експерименти. Според првиот, на дел од испитаниците им биле дадени примероци од јаболка, а на дел од колачи во самите продавници. Од оние кои јаделе примерок јаболко дури 28% повеќе купиле овошје и зеленчук.

Во второто испитување биле задолжени виртуелно да купуваат. Повторно им биле дадени јаболка или колачи и биле задолжени да замислат што треба да пазарат. Им биле дадени 20 пара производи во кои еден здрав и нискокалоричен производ, а другиот пар обратно, висококалоричен. Што мислите кој што одбирал? Секако оние кои јаделе здраво и одбирале здраво.

Третиот експеримент бил најинтересен. На сите им го дале исто млеко, но на некои им било запишано дека е нискокалорично и обезмастено, а на другите со 2,3% масти. Дури и тука оние испитаници кои пиеле „ниско калорично“ млеко одбирале поздрава храна.

Токму затоа доколку сте решени да живеете здраво и намалите некој килограм одлучете се за едно свежо вкусно јаболко веднаш пред пазарењето и таа ќе ве потсети дека треба да купувате здрави производи.

Покрај психолошкото значење на јаболкото, инстантно ќе добиете и неколку физички подобрувања. Најнапред ќе добиете голема количина на антиоксидански, ќе ја подобрите работата на вашите органи за варење, ќе бидете чекор подалеку од Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

jabolko-na-den-i-pozdravi-obroci-na-trpezata-1

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg