Анксиозност: 3 Начини на кои ароматерапијата може да ви помогне

Ароматерапијата е еден од најбрзите начини да ја победите анксиозноста и да се чувствувате подобро.

anksioznost-3-nacini-na-koi-aromaterapijata-moze-da-vi-pomogne-1

Доколку сте напнати, депресивни или анксзионси, оваа терапија ќе ви помогне симптомите да ги сведете на најниско можно нив, па дури и во целост да ги елиминирате.

Лековитите билки кои ќе ви помогнат при лекувањето се следниве:

1. Лаванда

anksioznost-3-nacini-na-koi-aromaterapijata-moze-da-vi-pomogne-2

Лавандата е тоник за умот, телото и срцето, таа го забавува дишењето, отчукувањата на срцето и е одличен седатив за нервите. Постојат неколку начини на кои можете да ја употребите лавандата, а најлесниот е да носите со вас мало шишенце масло од лаванда. Кога и да ви е потребно, само помирисајте го маслото или нанесете го на точките од пулсот на телото.

Освен тоа, можете да уживате и во топла бања во која се додале лаванда, особено ако имате проблеми со спиењето. Направете си купка 1 час пред спиење и ќе ви биде многу подобро.


2. Цитруси

anksioznost-3-nacini-na-koi-aromaterapijata-moze-da-vi-pomogne-3--

Есенцијалните масла на цитрусите (диви портокали, лимони и грејпфрут) ќе ви помогнат да ја подигнете позитивната енергија и креативноста. Нанесете си на телото масло од цитруси, после туширање: 250ml бадемово масло помешајте го со 20 капки есенцијално масло од цитрусите по избор. Неколку капки од мешавината можете да додадете и во вашиот регенератор и косата ќе ви мириса прекрасно цел ден.


3. Камилица

anksioznost-3-nacini-na-koi-aromaterapijata-moze-da-vi-pomogne-4---

Мирисот на камилицата го смирува умот и помага при полесно заспивање. Можете да дишете топла пареа од чај од камилица или да мирисата есенцијално масло од оваа билка. Маслото можете да го нанесувате на точките на пулсот на телото, а можете и да си додадете неколку капки во топлата купка. Доколку немате масло, тогаш во купката додајте неколку кесички чај од камилица. 

Би можело да ве интересира:

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg