Што можат да направат 5 сливи дневно за вашето здравје?

Иако се познати како природен мултивитамин, многумина од нас немаат навика да ги консумираат. Но, навиката може да ви се промени кога ќе сфатите што може да направат само 5 сливи дневно.

sto-mozat-da-napravat-5-slivi-dnevno-za-vaseto-zdravje-01.jpg

Една слива содржи 84% вода, протеини, здрави влакна, витамин А, Ц и Е, калциум, магнезиум и калиум, а за сметка на тоа е сиромашна со маснотии и калории.

Каков ефект имаат само 5 сливи дневно?

1. Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Сливите може да ви помогнат да го регулирате нивото на шеќер во организмот, па дури и го смалуваат ризикот од дијабетес тип 2.


2. Ја подобруваат меморијата

Ако јадете 5 сливи дневно, ќе му помогнете на мозокот да запамети повеќе информации затоа што ќе се ослободите од негативното дејство на слободните радикали.


3. Го штитат срцето

Една слива во просек содржи 113mg калиум, а овој минерал помага при контролирање на високиот крвен притисок, што понатаму штити од удари.

sto-mozat-da-napravat-5-slivi-dnevno-za-vaseto-zdravje-02.jpg

4. Го подобруваат дигестивниот систем

Одличен начин да го забрзате системот за варење. Ако имате проблем со бавен метаболизам, направете го следново: потопете неколку сливи во свежи зовриена вода, оладете ги и потоа замрзнете ги. На тој начин може да ги консумирате преку цела година.


5. Ги зајакнуваат коските

Резултатите од едно истражување покажуваат дека доволно ви се 100g сливи дневно за густината на коските значително да ви се подобри.


6. Го чуваат здравјето на очите

Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите може да го намалат ризикот од губење на видот или сериозни очни болести кога ќе остарите.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg