Кои чаеви ви одговараат според крвната група?

Навиките во исхрана кои се во согласност со вашата крвна група ви помагаат да ослабете полесно, да си го зајакнете имунитетот и генерално да бидете во подобра здравствена состојба. Основно правило е дека сите луѓе се предодредени за одреден тип на исхрана според крвната група.

koi-caevi-vi-odgovaraat-spored-krvnata-grupa-01.jpg

0 крвната група е најстари и влече корени од времето кога луѓето преживувале на основа на ловот и консумирањето на месо. Крвната група А се појавила пред 15.000 години со појавата на земјоделието, односно кога луѓето започнале да одгледуваат жиратици, а потоа и крвната група Б со млечните производи.

Најмлада е крвната група АБ која е комбинација од А и Б и подразбира балансирана исхрана од житарици и млечни производи.

Како што е со исхраната, така е и со чаевите кои ги пиете. Пред да се одлучите да пиете некаков чај, најдобро е да погледнете кој е чајот кој одговара на вашата крвна група.


Крвна група 0

Луѓето со оваа крвна група треба да избегнуваат млеко и глутен. Добро го поднесуваат стресот, но желудочната киселина им претставува вистински проблем ако не внимаваат на исхраната.

Ако припаѓате на оваа крвна група, треба да пиете чај или сок од ѓумбир и женшен. Кафето најдобро е да го замените со зелен чај. Добро е да пиете и чај од магдонос, хмељ, липа, шипка, глуварче и нане.


Крвна група А

Овие луѓе се емотивни и аналитички настроени, па се склони и на стрес и високо ниво на кортизол.

Кафето и чаевите може да ви пречат, па најдобро е да пиете само билни чаеви. Исхраната треба да ви биде богата со овошје и зеленчук, а од стресот да се ослободувате со јога и медитација.

Чаевите од јасмин, ајдучка трева, мајчина душица, невен и зелениот чај се идеални за вас. За подобро функционирање добро е да пиете и чај од глог, шипка, ѓумбир и кантарион.


Крвна група Б

Лицата од оваа крвна група имаат бавен метаболизам и склони се кон дебелеење и хроничен замор. Имаат добра цревна микрофлора, но треба да внимаваат на својот имунитет.

Ако припаѓате на оваа крвна група, тогаш за вас идеални чаеви се: магдонос, нане, лист од бреза, кантарион, глуварче, ајдучка трева и кантарион.


Крвна група АБ

Луѓето со оваа крвна група се интуитивни и отпорни на стрес.

Ако припаѓате на оваа крвна група, тогаш треба да ја одберете идеалната врста на зелен чај, а добро е да пиете и чаеви од: нане, божур, сандаловина, коприва, глог, ѓумбир, камилица и калинка.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg