8 причини зошто ладното време е добро за нас

Често слушаме дека ладното време е добро за нашето здравје, но знаете ли кои се придобивките кои нашето тело ги има од ниските температури?

8-pricini-zosto-ladnoto-vreme-e-dobro-za-nas-001.jpg

Одредени функции во организмот подобро се извршуваат кога температурата е пониска, бидејќи на тој начин на организмот не му е потребна дополнителна енергија за ладење.

Зошто ладното време е добро за нас?

1. Имаме повеќе енергија

Изложеноста на ладно, на пример прошетка на отворено, ќе ве исполни со енергија за уште многу часови откако ќе влезете на топло. За ладното време да има вакво влијание воопшто не мора да стоите долго време надвор. Брзото одење е одлично за создавање енергија и добро расположение.

2. Подобро спиеме

Луѓето кои патат од несоница имаат повисока телесна температура, па токму затоа спиењето во не многу топла просторија, со температурен опсег помеѓу 16 и 20 степени, е одличен начин за борба против оваа појава.

3. Мозокот работи подобро

Докажано е дека луѓето на високи температури многу поретко донесуваат сложени и важни одлуки. Топлото време брзо ги троши нашите резерви на гликоза, а бидејќи гликозата ја користиме и при менталните процеси, недостатокот од неа влијае врз нашата способност за донесување одлуки.

4. Совршена температура за трчање 

Сте помислиле ли некогаш зошто повеќето маратони се одржуваат во доцна есен? Тоа е така бидејќи ладното време е многу подобро за трчање, за разлика од топлото и влажно време кое многу повеќе го исцрпува нашето тело.

5. Ладното време ги намалува воспаленијата и се бори против инфекциите

Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање мраз на отеченото и болно место. Истото влијание го има и ладниот воздух. Многу спортисти во лекувањето на воспаленија и повреди, користат криотерапија, или терапија со мраз, што значи изложување на екстремно ниски температури.

6. Се чувствуваме подобро во сопствената кожа

Кога времето е ладно не мораме да се грижиме за тоа како изгледаме во бикини, што секако влијае позитивно на нашата самодоверба.

7. Повеќе ги цениме деновите кои доаѓаат

Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат во подрачја каде секогаш е топло и сончево, всушност не се посреќни од другите. Луѓето се најдобро расположени после подолг период на ладни и тмурни денови, бидејќи знаат дека потоа доаѓа топло и сончево време.

8. Нема инсекти

Ниските температури ги убиваат инсектите како што се комарците, а тоа значи дека ќе можете да спиете многу помирно.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg