6 здрави начини како да се здебелите

Моментално сите се фокусирани на диетите за намалување на килограмите, заборавајќи ги оние кои имаат помалку килограми од потребното.

preview-9257460-650x341-98-1480433479.jpg

На оние кои им недостасува мускулна маса и некој килограм плус, од важно значење им се следниве 6 совети и чекори кои ќе ги доведат до идеална тежина и фигура.

Подпросечната тежина може да биде предизвикана од 4 главни фактори: константна физичка активност, болест, емоционални проблеми или генетика.

Без оглед на тоа која е причината, придржувајте се до следново:

1. Внимателно бирајте ја храната

Внесете висококалорична храна во исхраната, како и храна богата со масти, протеини, јаглехидрати. Пример, дресингот за салатата, јаткастото овошје, семките и сирењата и кашкавалите се одлични намирници.

2. Направете си рутина за грицкање

Ако диетите за слабеење забрануваат грицки, тогаш на вас добредојдени ви се ситните меѓуоброци. Секогаш при рака имајте протеинско чоколатце, јаткасти плодови и слични грицки на кои не можете да им одолеете.

3. Помогнете му на телото да го разработи апетитот

Ако обично немате желба за храна и големи порции, тогаш јадете често, но по малку. Ова е идеален почеток.

4. Пробајте нови вежби

Вежбите во кои физички сте посмирени како јога и пилатес може сериозно да ви помогнат. Правете и вежби кои со сигурност ја зголемуваат мускулната маса.

5. Не заборавајте да пиете течности

Не само вода, туку подготвувајте си смутија и шејкови. Може да додадете и суво овошје.

6. Спијте редовно

Одморот има големо значење за виталноста, бидејќи за време на спиењето мускулите се обновуваат. Затоа, направете си рутина во која ќе спиете барем 6 до 8 часа дневно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg