7 корисни совети со кои ќе ги намалите болките во грбот

 Болката во грбот е непријатно чувство кое го добиваме од премногу седење, стрес, прекумерна тежина, недоволна физичка активност или пак, од некоја друга здравствена причина.

namalete-gi-bolkite-vo-grbot-so-ovie-7-domasni-lekovi-001.jpg

Најчесто лекот го бараме во апчињата, но тие некогаш не се доволни за болката да исчезне целосно.

Ние ви даваме совети како во домашни услови да ја намалите болката.

Повеќе спиење

Препорачливо е да спиете 8 часа во денот. Доколку спиете помалку, телото ќе нема доволно време да се одмори и нема да се чувствувате подготвени за извршување на секојдневните обврски. Ако имате проблеми со спиењето, тогаш напијте се чај од камилица пред спиење или пак правете вежби со дишење, со кои ќе му помогнете на телото да се релаксира.

Вежбање

Правилно изведување на вежби му помагаат на вашиот грб да се избори со болките. Особено пливањето, возењето велосипед и пешачењето се добри за зајакнување на мускулатурата на грбот.

Намалување на килограмите

Зголемена тежина исто така може да предизвика болки во грбот. Со здрава исхрана и 15 минути вежби на ден, може да ги намалите килограмите, но доколку сакате дополнително и да ги зајакнете мускулите на грбот, тогаш подобро би било да почнете со јога, пилатес или аеробик. 

namalete-gi-bolkite-vo-grbot-so-ovie-7-domasni-lekovi-3_copy.jpg

Истегнување

Многумина кои патат од болки во грбот работат во канцеларија пред компјутер и се наоѓаат во иста положба 8 или повеќе часа. Без разлика колку и да имате работа да завршите, правете пауза на секои 30 минути за да се протегнете. 

Држење на телото

Лошото и долго седење на стол им пречи на мускулите на грбот да ја издржат вашата тежина. Обидете се кога седите, вашите стапала да бидат рамно поставени на земјата, а рбетот исправен како стрела. 

namalete-gi-bolkite-vo-grbot-so-ovie-7-domasni-lekovi-1

Масажа

Еден од начините за намалување на болките во грбот е масажата. Ако не можете да си дозволите да одите редовно во спа центри, тогаш земете тениски топчиња и поставите на рамна подлога, а потоа легнете врз нив и полека движете се горе-доле.

namalete-gi-bolkite-vo-grbot-so-ovie-7-domasni-lekovi-2

Душек

Ако душекот ви е постар од 6 години, тогаш е време да го промените. При избор на душек не ги слушајте советите дека треба да биде тврд, туку изберете го вистинскиот душек кој вас ќе ви одговара.

С. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg