10 производи кои му штетат на вашето срце

Сакате да ги сочувате вашете срце и кардиоваскуларен систем здрави во годините што доаѓаат?

10-proizvodi-koi-mu-shtetat-na-vasheto-srce-1.jpg

Одлично, овие неколку совети кои ќе ги прочитате во продолжение се токму она што ви е потребно...

За одржување на здраво срце, освен тоа што е потребно да имате умерени физички активности, исто така потребно е да внимавате и на исхраната. Избегнувањето на одредени намирници и закуски може да ви помогне да бидете здрави, но исто така и да ја одржувате вашата фигура во совршена форма.

Бидете претпазливи кога е во прашање исхраната и избегнувајте ги што е можно повеќе следните јадења и пијалаци:

Хамбургери приготвени во ресторани за брза храна

Според Д-р Реџина Друз, професор на катедрата за кардиологија на Универзитетот „Hotsfa“ и шеф на одделението за кардиологија во болницата „St. John Episcopal“ во Њујорк, заситените масти од животинско потекло, особено во комбинација со јаглехидрати, имаат штетно влијание врз здравјето на срцето. „Избегнувањето на ресторани за брза храна, кои имаат тенденција да користат состојки со понизок квалитет и нездрави методи за готвење, секогаш е добредојдено за вашето здравје“, вели таа.

Многу обработено месо

Сланината и колбасите може да бидат богати со заситени масти. Дури и во опција со малку масти, имаат тенденција да имаат високо количество на сол. „Поголемиот дел од луѓето треба да консумираат ограничени количини на сол, бидејќи натриумот предизвикува висок крвен притисок“, вели д-р Лакшми Мехта, директор на кардиоваскуларниот систем програмата на Универзитетот Wexner Медицинскиот центар во државата Охајо.  „Понекогаш моите пациенти со покачен крвен притисок се способни да направат значителни подобрувања на здравјето само со прилагодување на начинот на исхрана“, додава тој.

Многу пржена храна

Неколку истражувања поврзани со потрошувачката на пржена храна, како помфрит, пржено пилешко и пржени закуски, покажаа зголемен ризик од срцеви заболувања. Конвенционалните методи на пржење создаваат транс масти, кои предизвикуваат подигнување на нивото на лошиот вид на холестерол и намалување на видот.

Бонбони

Многу години, мастите беа брендирани како главна причина за срцевите заболувња. Но, новите истражувањата за влијанието на шеќерот  во голема мера беа одговорни за туркање на тоа верување. Сега, експертите велат дека исхраната богата со додаток на шеќер може да биде голема закана, со што се придонесува за зголемување на вишокот на килограми, воспаленија, висок холестерол и дијабетес, како фактори на ризик за срцеви заболувања.

Безалкохолни пијалаци и засладени сокови

За многу консументи најголемиот извор на додаден шеќер во нивната исхрана не е од храна, туку од пијалаците.  Безалхолните пијалаци и засладените сокови содржат големи количини на додаден шеќер.

Засладени житарици

Дури и храна која изгледа како дел од здрава исхрана, како што се житариците, може да биде засладена со додаток на шеќер. „Јадењето рафинирани јаглехидрати и шеќер во утринските часови не е препорачливо“, вели Д-р. Друз. Наместо тоа, таа препорачува да се консумира овошје, јајце или пченичен тост.

Колачиња и слатки

Комерцијално произведените колачиња и слатки се полни со шеќер, а освен тоа богати се и со заситени масти или транс масти и на тој начин претставуваат најлош нутритивен профил за срцето.

Маргарин

Повеќе од сигурно е дека исхраната богата со транс масти го зголемува ризикот од болести на срцето на една личност. Од друга страна, сѐ уште се водат дебати околу употребата на путерот во исхраната и неговата поврзаност со кардиоваскуларните ризици.

Пица

Пицата богата со додатоци сувомесни производи или со многу сирење содржи големи количини на сол и заситени масти. Затоа се препорачува додатоците да бидат базирани на зеленчук.

Газиран диетален сок

Иако се промовира како сок без маснотии и со нула калории, диеталниот сок има темна страна. Истражувањата поврзани со неговата консумација покажуваат дека се зголемуваат ризиците за развој на срцеви заболувања како што се дебелината и дијабетисот. Дополнително, истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат газирани пијалоци имаат тенденција да консумираат повеќе калории. „И покрај тоа што може да нема шеќер, тоа не е избор за здраво срце“, вели Д-р Друз.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg