Корисни совети: Како да го заштите вашиот слух?

Дали сте изложени на премногу гласни звучни извори? Клучот за да го задржите Вашиот слух е знаењето на колку гласност сте изложени.

korisni-soveti-kako-da-go-zashtitite-vashiot-sluh-001.jpg

Можете да го изгубите слухот откако ќе бидете изложени на премногу гласни звуци и музика, на пример, доколку стоите блиску до звучниците во диско.

Слухот исто така може да Ви се оштети и по кратки експлозии, како пукање со пиштол или огномети. Ако работите или многу време поминувате на места кои се премногу гласни или слушате премногу гласна музика може да го изгубите слухот без да забележите.

Најдобар начин за да се заштитите е да поминувате колку можете помалку време на премногу гласни места. Ова се некои шумови на кои сме изложени, измерени во децибели (dB).

Колку е поголема бројката, толку погласен е шумот.

Сè што е над 105dB може да ви го оштети слухот доколку сте изложени на него повеќе од  15 минути во неделата. Но, исто такан не треба да бидете изложени на звуци и шумови помеѓу 80 и 90dB повеќе од неколку часа на ден.

  • Нормален разговор: 60-65dB
  • Фрекфентна улица: 75-85 dB
  • Мотори:100 dB
  • Диско/ноќен клуб: 112 dB
  • Мп3 плеер кога е прегласен:112 dB
  • Рок концерт/ сирена на амбулантно возило:120 dB
  • Моторна пила:115-120 dB
  • Камиони оддалечени околу 7 метри: 95-100 dB
  • Кино: некои филмови достигаат до 100 dB за време на ацкиони сцени
  • Косилка за трева/навистина гласен сообраќај: 85 dB

Колку гласно е прегласно?

Ризикот од оштетување на слухот е базиран на 2 факти: колку гласно и колку долго.

Експертите се согласуваат дека изложеноста на шумови околу и над 80-85dB многу често може да предизвика губење на слухот. Ако гласната музика ви предизвика болки во ушите, напуштете го месртото веднаш.

5 совети за безбедно слушање:

1. Намалете ја музиката

Може да знаете дека слушате прегласна музика,  доколку не слушате позадински шумови.  Кога ќе ги ставите слушалките и не слушате ништо околу себе, па дури ниту некој што седи до вас, тогаш е прегласно. Доколку личноста што седи до вас може да ја слушне музиката што ја слушате, навистина треба да ја намалите гласноста за да не си го оштетите слухот.

2. Користете го правилото 60:60

За да уживате во музиката на вашиот телефон или мп3 плеер безбедно, слушајте 60% од гласноста, но не подолго од 60 минути на ден. Сите смарт телефони имаат „паметна“ гласност како алатка која ве предупредува дека, доколку слушате погласно од препорачаното може да дојде до оштетување на слухот, па искористете ја доколку ја имате.

3. Намалете го телевизорот

Намалете го звукот на телевизорот, радиото или hi-fi уредот. Дури и мало намалување на јачината на тонот, може да направи голема разлика. Доколку мора да зборувате погласно за да ве разберат, тоа е знак дека треба да ги намалите звучните уреди околу себе.

4. Бидете внимателни во автомобилот

Кога се возите во автомобил и слушате музика, не го појачувајте радиото до крај. Автомобилот е мал простор и доколку поминувате премногу време во него, не слушајте премногу гласна музика.

5. Одморете ги ушите

Дајте им време на вашите уши да се регенерираат, доколку сте биле изложени на прегласна музика. Според истражувањата, ви требаат најмалку 16 часа да ги одморите ушите по поминување на 2 часа на звук кој е 100dB, како ноќен клуб. Доколку ги одмарате ушите помалку од ова, се зголемуваат шансите да го изгубите слухот.

Има многу апликации за телефон кои ќе ви помогнат да видите на колку гласност сте изложени, на пример:

SoundMeter+

Ви помага да видите на колку гласност и шумови сте изложени и ви помага да се заштитите од губење на слухот.

Play it Down

Бесплатна апликација за iPhone и iPad која им овозможува на корисниците да го проверат нивото на слух кое го поседуваат и им покажува на колку гласност се изложени.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg