Дали јаболковиот оцет навистина помага во борбата против акните?

Постојат многу домашни лекови за подобрување на квалитетот на кожата. Мајката природа понекогаш има огромни дерматолошки вештини.

dali-jabolkoviot-ocet-navistina-pomaga-vo-borbata-protiv-aknite-01

За екстра влажност на кожата обидете се со авокадо, но што е со јаболковиот оцет и акните, зарем тоа не звучи малку како чудна комбинација?

Сепак многу луѓе тврдат дека е делотворна, па затоа експертите проговорија на темата.

„Иако не е научно докажано, тоа не значи дека не функционира. Сè уште нема истражувања што ја потврдуваат делотворноста на јаболковиот оцет против акните, но оцетната киселина во јаболковиот оцет има антибактериски својства. Со други зборови, има потенцијал да ги уништи вашите акни од коренот“, тврди Сејал Шах, дерматолог од Њујорк.

Во секој случај, мора да бидете внимателни при практикувањето на овој третман дома. Јаболковиот оцет може да биде иритирачки за кожата, па дури да предизвика хемиски изгореници.

„Пред употреба треба да се разреди, а пред првпат да го ставите на вашето лице прво тестирајте на едно мало место од вашата кожа дали ќе има негативни реакции“, советува доктор Шах.

Измешајте една четвртина јаболков оцет и три четвртини вода. Ако имате чувствителна кожа, разредете уште повеќе, па потоа ако ви годи третманот продолжете со посилна концентрација. Нанесете ја смесата на кожата со памукче. Оставете да делува 15 минути, а потоа исчистете.

Правете го овој рецепт еднаш до три пати во седмицата, а по отстранувањето нанесете хидратантна крема. Ефектите ќе ги забележите за кратко време.

Заклучокот е дека јаболковиот оцет е одличен за некои типови кожа, но за други може да биде пресилен. Пробајте како ќе делува кај вас, па ако има негативни реакции префрлете се на други помалку агресивни третмани против акните.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg